Климатизерите во комерцијална смисла се присутни на пазарот преку 50 години, но во последните години се многу поприфатливи од економски поглед за пошироката популација отколку што беа порано. Движејќи се кон тоа да ја задоволат потребата на купувачот, направени се бројни технички подобрувања, подобрен е квалитетот на климите, а поради масовната произведувачка, цената е за неколку пати намалена. Поимот климатизер или климатизација најчесто го поврзуваме со системите за ладење. Климатизација е можност за управување со температура, количеството на релативна влага, чистота и дистрибуција на воздухот,па токму поради тоа, климатизерите ги поседуваат следниве функции.
Ладење. Климатизерите овозможуваат прецизна и дигитална контрола на температурата. Секогаш може да се создаде опкружување во кое можете да се чувствувате најпријатно, со вистинската температура. Не само што создаваат комфорт, туку со нив се чуствувате посвежо и активно дури и во најекстремни надворешни услови.
Греење. Климатизерите можат да овозможат и греење. Стандардно содржат топлнска пумпа која овозможува греење при надворешна температура до – 5 степени C. Во поквалитетните клима уреди, вграден е инвертер систем кој овозможува греење и на температура под – 15 степени C. Со ова се овозможува уживање со константна температура во текот на целата година, без притоа да се обрнува внимание на надворешните услови.
Прочистување. Клима уредите содржат посебни филтри кои ја апсорбираат прашината, димот и останатите нечистотии од воздухот и на тој принцип тие произведуваат чист и свеж воздух.
Одвлажнување. Кога клима уредите работат во режимот на ладење, тие можат да одржуваат одредена влажност на воздухот. 40 – 60% влажност на воздуот е најпријатна за човечкиот организам.
Вентилација. Клима уредите можат да имаат и функција за вентилација. Климатизерите го превземаат воздухот од внатрешноста на просторијата и него го заменуваат со свеж воздух од надвор. Во меѓу сезоната кога греењето и ладењето не е потребно вентилацијата преку климатизерите може да си работи посебно.
Постојат повеќе видови на климатизери:
– Централни системи
– Сплит системи
– Прозорски клими
– Подвижни системи (portable systems)
Во текот на наредните постови ќе се обидеме да ги објасниме сите видови на климатизери, а за сите прашања поврзани со климатизерите ви стоиме на располагање.
Leave a Reply