
Инсталација на систем за плафонско ладење со полиетиленско црево со антиоксигенска бариера GIACOTHERM димензија ф20х2 од програмата на GIACOMINI.
Инсталирано на 1 000м2 деловен објект во фаза на градба во Скопје, каде се планирани вкупно 3 000м2 од истиот систем.
Инсталирано директно во плоча во текот на градбата, со цел да се избегнат непотребни спуштени плафони од поглед на естетика, дополнителен простор и намалени трошоци.
Системот е наменет за плафонско ладење, но може да се користи и како систем за греење.
Плафонското пасивно ладење исто како и подното греење, е најблиску до идеалната крива за греење и ладење на човечкиот организам.
Полиетиленско црево GIACOTHERM на програмата Giacomini за разлика од останатите изведби, овозможува дополнителна заштита со антиоксигенска бариера. Таа бариера го спречува навлегувањето на воздухот преку микропукнатините на цревото, која во допир со водата формира алги во внатрешноста на цревото. На тој начин се спречува намалување на протокот односно запушување на цревото.
Овие системи се долговечни и можат да траат над 100 год
Полиетиленското црево со антиоксигенска бариера R996Т
Може да се користи за дистрибуција на вода во касетниот водовод. Благодарение на големата флексибилност на материјалот од кој е направено ова црево, се овозможува едноставна изведба и инсталација. Неговата предност е во тоа што нема потреба од заварување и од поставување на механички спојки. Антиоксигенската бариера на цревото го маргинализира движењето на кислород од надвор, кон внатре во цевките.
Leave a Reply