Предности на електричното греење за затворени и отворени површини

podno grenjeЦентрално топловодно греење за станови, куќи, викендици итн може да биде инсталирано со поставување на електричен котел за самостојно греење. Покрај електричен, котелот за самостојно греење може да биде и камин, гас, нафта или топлинска пумпа.

Освен електричните котли како опција за загревање на просторот на струја постојат и, најразлични електрични радијатори, електрични конвектори, соларни колектори за производство на електрична енергија која би се користела за таванско, ѕидно или подно греење.

Во овој текст ќе се обидеме да ги доближиме предностите од користењето на електричните грејни тела кои ги користиме за загревање на просторот. Најбитно е при поврзувањето на било кое електрично тело да имате доволлно моќна електрична мрежа која ќе успее да одговори на барањата на грејното тело, кои му се потребни за затоплување на дадениот простор.

Електрични котли

Главната предност од поставување на електричен котел е, да се избегнат големите проблеми кои се јавуваат при набавката на гориво за котелот и избегнување инвестиции за исфрлање на издувните гасови. Заради потрошувачката на електрична енергија, нема загадување на животната средина со штетни емисии на јаглерот диоксид и азотни оксиди во воздухот. Поставувањето на електричен котел во станбениот простор не завзема голем простор од самата квадратура на станот. Главните позиции на кои треба да се обрне посебно внимание се во врска со безбедноста на електричните инсталации и спречување на ризикот од електричен удар во системот. Електричните котли се произведуваат во компактен дизајн со сите потребни елементи за поврзување на централно греење (пумпа, експанзија, сигурносен вентил, обезвоздушувачки вентил итн). Искористеноста на котелот изразена во проценти изнесува повеќе од 98%.

elektricen kotelЕлектричните котли можат да се постават на самиот ѕид со соодветни држачи за нив. Котлите се изработени по стандардни димензии кои не го нагрдуваат просторот. Во зависност од потребната моќност тие можат да бидат со различна големина почнувајќи од 9 Kw до 36 Kw.

Елктрични конвектори

Електричните конвектори се изработени така што имаат присилно струење на воздухот низ нив, присилната циркулација ја вршат така што го земаат ладниот воздух од долната страна и со струење низ телото на конвекторот во кој има вградено греачи ладниот воздух за кратко време се затоплува и исфрла од горната страна. Со цел за заштеда на електрична енергија во самиот конвектор има поставено термостат кој му дава команда на гречот кога да работи, а кога е доволно затоплена просторијата да се исклучи. Електричните конвектори имаат совреме естетски дизајн кој е совршен за поставување во дневните и спланите соби.

Електрични радијатори

Постојат различни типови на радијатори кои работат на електрична енергија. Електричните радијатори може да се полнат со нафта, која се загрева благодарение на електричен греач кој е поставен во нив. Попогодни радијатори се оние кои се изработени со шамотно јадро, благодарение на кое можат да акумулират топлина која потоа зрачи подолго време без притоа да биде пуштен греачот. На овој начин овие радијатори трошат многу помалку електрична енергија.

Електрично подно греење

Подното греење има неколку предности во однос на другите методи на греење. Греењето е невидливо и не постои струење на воздухот, со самото тоа нема подигање на прашина во просторот. Со користење на подно греење разликите на температурата од подот до таванот е само 1 °C во висинска разлика од 4 метри. Затоа кривата на топлина на подното греење е најблиску до идеалната.

Постои опција за поставување на цревото за загревање на гипсана плоча која може да се постави на ѕидот или таванот наместо на подот, а притоа ефектот да биде ист како во погоре наведениот случај. На панелките и радијаторите се поставуваат кабли кои висат и не оставаат пријатен впечаток, додека кај подното греење не се гледа апсолутно ништо а топлината се добива во максималното потребно ниво.

Предноста во овој систем е тоа што при самата монтажа се поставува регулација која има опции за дневна и ноќна работа, што ја прави температурата во просторијата пријатна во било кое време од едно деноноќие.

Заклучок

Со оглед на тоа дека потрошувачката на електрична енергија постојано е во пораст, цената за истата е во постојан пораст и често во секојдневието се случува користењето на електричната енергија за затоплување да не е исплатлива. Затоа се повеќе во денешно време користењето на електричната енергија за греење се користи само во исклучитени ситуации каде што не е достапно транспортирање на гориво за огрев и покрај незагадувањето на околината и лесното загревање.

Остави коментар

*