Моментално на пазарот се присутни многу видови на клима уреди. Во минатите постови ги објаснивме повеќето од нив, а денеска ќе го објасниме принципот на работа и карактеристиките на така наречената прозорска клима.
Иако некогаш беа многу популарни и нашироко се користеа, денеска е вистинска реткост да се види ваквиот тип на климатизери. Сплит системите безмалку ги “искоренија“ диносаурусите меѓу климатизерите, а истите тие би можеле и тоа како да бидат корисни, а во некои ситуации се и многу подобро решение отколку стандардните. Нивната најголема предност е таа што на некој начин се преносни, додека за разлика од нив стандардните сплит системи воопшто не се. При монтажата на слит системите носачите се монтираат на самиот ѕид, односно држачите се прикачувааат на него. Потоа да се приклучат надворешната и внатрешната единица се буши дупка преку која се пушта инсталацијата, со што сплит системите практичо стануваат неподвижни.
Од друга страна, прозорскиот клима уред, како што може да се заклучи и од самото име се поставува на прозорецот. Инсталација е прилично лесна за изведба, така да доколку имате вешти раце и малку алат, климата можете и сами да ја инсталирате. При инсталацијата на прозорскиот клима уред треба да го отстраните стаклото од прозорецот. Потоа ја поставувате климата и го затварате останатиот отворен дел од прозорот. Тоа можете да го направите со стакло или пак со стиропор и потоа ќе го зацврстите со пур пена. По поставувањето на клима уредот само го поврзувате со електрично напојување и можете да почнете со разладување, затоа што таа доаѓа комплет наполнета со гас (фреон), и нема потреба од дополнително полнење.
Нивната предност освен тоа што можат лесно да се монтираат е во тоа што можат и лесно да се демонтираат и да се врати прозорското стакло, како климата никогаш да не била монтирана.
Така да доколку се преселите можете да ја понесете и климата со себе, или пак да ја преселите во друга просторија и.т.н. Повеќето прозорски клими, денеска имаат и можност за греење, така да доколку дупката каде ја имате поставено климата е добро затворена, климата можете да ја користите и за греење или догревање на просторот.
Покрај предностите што ги имаат прозорските климатизерите во одност на сплит системите, тие имаат и свои мани. Тие се многу побучни од сплит системите, затоа што надворешната единица при сплит системите е бучната единица, а кај прозорските се е сместено во едно куќиште и бучавата се пренесува во внатрешната просторија. Исто така е потребно климата да се добро монтира за да не се создава бучава од вибрациите. Освен тоа се губи и светлината во просторијата, затоа што едниот прозорец е затворен, а воедно се губи и од естетиката.
Но како и да е прозорскиот клима уред е идален за простории кои планирате да ги напуштате, за определен период и се многу полесни за монтажа и демонтажа од стандарните сплит системи. Доколку имате дополнителни прашања поврзани со темава слободно пишувајте.
Leave a Reply