Wilo PB пумпите се наменети за зголемување на притисокот директно на водоводната мрежа, односно се монтираат после водомерот. Во зависност од нашите потреби има различни модели на пумпи коишто имаат различен опсег на работа.
Се користат во системите за снабдување со ладна и топла вода.
Автоматско вклучување / исклучување во зависност од потрошувачката на вода Вградена термичка заштита
Вградена заштита од суво работење
Ниско ниво на бучава
Доколку ни e потребен проток на 1 метар кубен на час, а водата ни е потребна на 6 метри висина, како што можеме да видиме на графикот ни одговара PB – 088 EA. Доколку ни е потребен поголем притисок на водата на поголема висина, на пример 15 метри со поголем проток односно 2 метри кубни на час, тогаш ќе ни биде потребна помоќна пумпа односно PB – 400 EA.
Инаку PB пренесуваат само чиста вода без честички. Доколку се постават на инсталација каде што поминува вода која со себе носи најразлични честички, мали каменчиња или слично, пумпата нема да го даде својот максимун и можно е да дојде до оштетување на самата пумпа.
Пумпата по наша желба може да се управува рачно или автоматски, а моторот во внатрешноста на пумпата е со термочна заштита. Инаку тие при својата работа се безшумни или во зависност од моделлот работат со работат со мало ниво на бучавост од 39-41 dB.
Максималната температура на водата која ќе ја пренесува пумпата е околу 90 степени а максималниот работен притисок се разликува од самиот тип на пумпата односно изнесува 3bar, 4bar и 6bar.
Pump….. | Max. Power, W] | Installation length [mm] | Connection Ø [mm] | Max. head [m] | The weight [kg] |
PB-088EA | 140 | 180 | 15/20 | 8 | 3.5 |
PB-200EA | 340 | 220 | 15/20 | 15 | 8.0 |
PB-400EA | 550 | 270 | 32 | 20 | 13.0 |
Leave a Reply