
Многу често се пишува за станбените објекти, еко куќи, пасивни куќи, куќи од слама и сл. Но, и покрај тоа мал е бројот на градби во Македонија кои можат да се класифицираат во т.н. еко куќи кои предничат со својата енергетска ефикасност во однос на класичните станбени објекти. Зошто ретко кој се осмелува да избери да гради таков дом наместо класичните куќи е нешто за што е пишувано доста во претходните постови. Во овој пост ќе бидат опишани така наречените самогрејни куќи кои според намената не се разликуваат во ништо од класичните куќи.
За самогрејните куќи кои ќе бидат опишани во овој пост мошне малку се знае во Македонија а полека почнуваат да се промовираат на пазарот во Србија со оглед дека позади нив стои српска фирма. Имено се работи за дело на иноваторот Вељко Миљкович кој се зафатил со реализација на овој проект уште во седумдесетите па се до ден денес се занимава со афирмација и примена во пракса на сето она што го има собрано како искуство и знаење за самогрејните еко куќи. Овој вид на куќи преставуваат делумно еден вид земуници со оглед дека сите нејзини надворешни зидови се со земјена покривка додека фасадата напред е единственото нешто кое не е со земјена обвивка. Околу прозорците напред можат да се забележат рефлектирачки табли чија цел е максимално искористување на сончевата светлина со цел подобрување на осветленоста на објектот како и за загревање. Во текот на повеќедецинското пратедење на перформансите на “самогрејната куќа” кое академикот Вељко Миљкович го изведувал се здобил со следните податоци кои се однесуваат споредбено со класичните градби кои во голема мера се идентични и во Србија и во Македонија:
– Заштеди за загревање до 85%, заштеда во ладење до 100%, заштеда во осветлување до 30%.
– Заштеда во однос на применети материјали за градба (околу 10% во однос на класичните градби).
– Долготрајност на објектот (според изведувачот околу 300 години – некоку пати повеќе во однос на класичните градби).
– Безбедност (Отпорни на силни ветрови и земјотреси).
– Здрави за живеење – зеленилото кое ги обвива во голем процент штити од електромагнетни зрачења, вибрации и бука.
– Поради својата положба во земјата нема потреба од громобранска инсталација
– Поради неможноста за ширење на оган овие куќи се сметаат како нископожарни објекти кај кои мала е веројатноста за опожарување.
Според многу екепсерти ова е единствениот тип на куќа кој со минимална инвестиција се добива најголема заштеда и ефикасност. Исто така овие видови на куќи немаат темел а ни покривна конструкција како што имаат класичните туку повеќенаменска хидроизолирана армирана плоча која е обвиена со земјена обвивка на која има тревник. Трошоците за одржување на тревникот се значително помали од оние за одржување на покрив и олуци.
Иако бројката на вакви куќи во Македонија е значително мала и занемралива, се надеваме дека во иднина ќе се инвестира во ваков вид на објекти и ќе се зголеми еко- свеста кај сите нас.
Leave a Reply