Развојот во областа на енергетиката секојдневно напредува и постојано се соочуваме со нови изуму, кои ја подобруваат искореноста на енергијата за која се наменети. Не треба многу да се зборува за тоа дека сончевата енергија, во иднина ќе стане примарна енергија на земјината топка и дека токму во таа област се вложува многу голем труд.
Соларните панели не се новост на нашиве простори, тие се присутни веќе многу долг период. Но во минатото соларните панели биле наменети само за производсво на топла вода, а денеска постојат и соларни панели кои произведуваат и електрична енергија. Тука се јавува прашањето, доколку се одлучите да поставите соларни панели во вашиот дом дали тие да бидата наменети за производсво на топла вода или пак да бидат наменети за производство на електрична енергија? Односно со кој тип на соларен панел ќе заштедите повеќе пари и од кој ќе имате поголеми придобивки?
Според истражувања кои се направени во областа на потрошувачката на електрична енергија, дури 50% од потрошувачката оди во загревање и ладење на просторот. Во овие процеси на ладење и греење може да учествуваат и термалните панели. Со добивањето на топла вода од соларните панели, која освен за користење во домаќинството, понатаму ја користиме и во системот за греење, можеме значително да ја намалиме потрошувачката на електрична енергија.
Со помош на фотоволтните панели се произведува електрична енергија. Овој сектор е во голем подем и секојдневно има новитети кои првенсвено придонесуваат за се поголема искористеност на сончевата енергија. Со оглед на можностите на фотоволтните панели, со кои располагаат во денешно време, во однос на термалните се послаби. Токму поради тоа ние се одлучивме во нашата програма да ги вклучиме само термалните соларни колектори бидејќи доколку топлата вода што се добива преку нив се поврзе и во системите за греење, инвестицијата ќе се поврати за околу 5 години.
Инаку научниците пред извесен период измислија прозорци кои произведуваат електрична енергија. Прозорците се состојат од провиден материјал сличен на пластика кој е многу лесен и ја претвара инфрацрвената светлост во електрична енергија. Полиметарските соларни келии кои се главна компонента кај овие прозорци, привлекоа огромно внимание на светската популација, затоа што освен тоа што произведуваат електрична енргија, тие можат да ја произведат во големи количини и тоа по многу ниска цена. Професорот по наука Јанг, од Универитетот Калифорнија, во својата презентација изнесе дека доколку потенцијалот на овој производ се искористи максимално загадувањето на земјината топка ќе се намали многу, а заштедата на пари ќе биде огромна.
Од горе напишаново можеме да заклучиме дека во моментов поисплатливо е да се вложи во термален соларен колектор, затоа што за побрз период ќе ги повратиме вложените средства. Во иднина се очекува револуција во енергетскиот сектор и ние искрено се надеваме дека тоа ќе се случи што поскоро, зошто со сегашниве сметки за струја се потешко и потешко ќе можеме да се справиме.
Почитувани ,
* Колку вакумски цевки (10 или 15 ) се потребни за сончев колекторски систем со комбиниран бојлер од 12- до 150 лити.
* Какви севки ( алупласт, бакар или ПВЦ ) за инсталација се најовони за поврзување на колектотот со бојлерот и со кој пресек ?Се однесува за три спратни висини и истите ќе бидат поставени во ѕид под малтер.
со почит,
Почитувани,
Во вашиот случај идеален би бил соларен вакумски колектор со 15 цевки, а бакарни цевки со дијаметар ф 15 исто така би биле најдобар избор.
Поздрав.
za 1kw kolku paneli se potrebni i bateriite kolku vreme mozat da izdrzat ako nema sonce .blagodaram
Почитувани,
Одговорот ќе го добиете на вашата e-mail адреса.
Поздрав