Како да го направите вашиот бизнис уште попрофесионален? Зачленете се во Термо Систем клубот! Отворени сме за соработка со мајстори и професионалци од областа на инсталирање системи за греење, соларни системи, водовод и климатизација, а поволностите што ќе ги добиете со нас се многу.
Нудиме бесплатна техничка поддршка за времетраењето на припрема на понудата, бесплатни програми за пресметки, материјали во електронска форма и покриеност со сертификати.
Ви излегуваме во пресрет за сите ваши професионални потреби, со широк асортиман на производи кои вам ќе ви бидат достапни со членство во клубот. Што добивате? Заштедувате време и пари при купување на материјали за вашиот бизнис, и имате секогаш достапна квалитетна опрема за греење, солар, водовод и климатизација од светски реномирани брендови.
Ние ќе ви помогнеме да станете уште подобри во она што го работите – со посета на специјализирани курсеви и семинари каде што ќе имате можност да размените мислења и искуства со компетентни професионалци, ќе добиете обука и секогаш ќе бидете во тек со најновите трендови на системи и компоненти.
Уште една од поволностите која доаѓа со членство во Термо Систем клубот е и испорака до саканиот објект. На тој начин заштедувате време при вашите набавки, и секогаш добивате загарантирано точна испорака..
Но и тоа не е се, може да добиете и различни специјални попусти на голем дел од асортиманот, а се што треба за да се зачлените е да ни пратите мејл или оставите контакт телефон.
Бидете дел од Термо Систем семејството и унапредете го вашиот бизнис како вистински професионалец!
Нашиот мејл: klubmts@gmail.com
Линк до клубот: http://www.termosistem.com.mk/klub/
Leave a Reply