Топлинска пумпа вода-воздух

Funkcionalnosta na toplinskite pumpiТоплинската пумпа работи приближно на ист принцип како и другите уреди во домот,(пр.клима или фрижидер). Разликата е само во насоката на пренос на топлинската енергија. Задачата на уредот е да ја одржува саканата температура во просторот во текот на целата година, независно дали станува збор за ладење или греење.
Топлинската пумпа воздух-вода работи на принцип на размена на енергија. Надворешната единица ја пренесува топлината од воздухот надвор со помош на изменувачот, фреон-вода ја пренесува таа енергија на загревање на водата внатре, во хидро модулот на внатрешната единица. Пумпата за вода ја праќа топлата вода во радијаторите (системот на подно греење) и бојлерот за санитарна вода. Кај комбинираната опција на ладење и греење, ладењето се постигнува со намалување на температурата на 5 степени и циркулација на водата низ вентилаторот. Системот може да обезбеди умерено ладење преку системот на подно греење или радијаторите, ограничувајќи ја најниската температура на водата. Подготовката на санитарна вода се врши со префрлање на системот од режим ладење и греење, на режим на санитарна вода.
Системот е направен така што надворешната единица е малку поголема од класичен сплит уред и може да се монтира на фасада (помал капацитет) или на тераса или под.
Внатрешната единица преставува топлински разменувач, ладилен медиум / вода која понатаму се користи за централно греење / ладење во подно греење, фенкојлери или во радијатори. Постои можност да се приклучи и бојлер за санитарна топла вода, посебен разменувач за греење на базен како и интегрирање со сончеви колектори. Главната придобивка е самата надворешна единица во инвертер изведба која овозможува во номинални услови вложување на 1kW електрична енергија + 3kW обновлив извор на енергија (надворешниот воздух) = 4kW капацитет греење/ладење.
Самата топлинска пумпа овозможува големи растојанија помеѓу внатрешната и надворешната единица (до 70м) што ја олеснува нејзината монтажа и широк опсег на работа при промена на надворешната температура од -20 степени до +46 степени.
Надворешната единица е така дизајнирана да нејзините компоненти: компресорот, вентилаторот и куќиштето се звучно изолирани така што бучавата што ја произведува оваа единица е сведена на минимум. Топлинските пумпи се систем на греење на иднината, заради нивната ефикасност, економичност во работата, сигурност и лесното одржување.

Comments

  1. Atanas Stefkov says:

    Ve molam da mi ispratite cena za cevka
    Gakomini f 18 so oksigenska bariera
    Potrebno mi e 3500 m1 za montaza na podno
    Potrebni mi se i raspredeliteli so regulacija
    i so termo glavi
    Pozdrav Atanas

    • Почитуван Атанас,

      Одговорот и сите дополнителни информации ќе ги добиете на Вашиот меил.

      Со Почит,
      Термо Систем

  2. Dali moze da Vi ispratam osnovi od kukja vo koja prizemjeto e deloven prostor, prvi kat za stanuvanje i podkrovje kancelarii. Greenjeto i ladenjeto da se resi so podno greenje so toplinska pumpa.
    pozdrav Vase Conev

    • Почитуван Васе,

      Доколку ни испратите колкава квадратура на куќа сакате да опремувате, ние би можеле да Ви испратиме понуда за топлинска пумпа и елементи потребни за греење. Ова значи дека најпрво ќе треба да направите проект за истата куќа и врз основа на тоа да ни доставите спецификација со потребни елементи, па ние врз основа на таа спецификација ќе Ви доставуме профактура.

      Доколку имате дополнителни прашања слободно пишете.

      Со Почит,
      Термо Систем

  3. Здраво,

    Сакам да поставам топлинска пумпа за домашна употреба, за простор од 240 м2. Ве молам да ми кажете препорака каква пумпа би ми била потребна, која јачина и колку би чинела.

    Ви благодарам.

    Поздрав,
    Лазе

    • Почитувани,

      Определувањето на јачината на топлинската пумпа е во зависност од изолацијата, распоредот на собите и ред други работи. Наш предлог е да си направите машински проект врз основа на кој ќе можете да добиете точно димензионирана топлинска пумпа. Ова ви го кажуваме бидејќи има голема разлика во цената од димензија до димензија на топлинските пумпи. Ние како компанија не работиме проектирање и изведба туку само продажба на потребните елементи за кои сме застапници и можеме да дадеме цени врз основа на дадена спецификација.
      Доколку имате дополнителни прашања слободно пишете.

      Со Почит,
      Термо Систем

  4. Колкава е потрошувачката на топлинската пумпа за греење на 160 м2 преку радијатори…??? И нормално, која е нејзината цена???

    • Почитувани,

      За да може да се одговори на ова прашање потребно е да се знае каква изолација има просторот, колку радијатори ќе бидат поврзани и ред дрги работи. Ова значи дека најдобро би било да ви се изработи машински проект по кој детално ќе знаете која пумпа најсоодветно ќе задоволи и која ќе биде нејзината цена. Напомена, дека ние како компанија не работиме проектирање и монтажа, туку само продажба на потребни елементи. Доколку имате дополнителни прашања слободно пишете.

      Со Почит,
      Термо Систем

  5. Marjan Martinovski says:

    Pocituvani,
    zainteresiran sum za toplotna pumpa vozduh,voda so snaga od 17kW za greenje i ladenje.
    Dali imate na lager i kolku cini
    Pozdrav,
    Marjan

Остави коментар

*