Во претходниот пост пишувавме за монтирање на клима уредот, каде што ги објаснивме сите чекори освен вакумирањето. Денеска ќе го направиме токму тоа односно ќе го објасниме процесот на вакумирање и зошто тој процес е многу битен при монтирањето на климатизерот.
При монтирањето на клима уредот, вакумирањето претставува најкомплексниот дел од целокупната инсталација. Сите останати процеси можат да се направат и со стандарден алат, но при вакумирањето освен што се потребни специјални инструменти, потребно е и одредено познавање на целокупната проблематика поврзана со климатизерите.
Климатизерот може да работи и без да се направи вакумирање на системот, како што во пракса се покажало дека некои “мајстори“ практикуваат, но многу брзо потоа започнуваат да се појавуваат последиците.
Со овој процес се извлекува возухот и влагата од системот за климатизација за да потоа може да се пушти гас – фреон. Инаку вакумирањето може да се врши со:
– вакум пумпата со специјален компресор за таа намена
– обичен компресор – сличен компресор како оној во домашниот ладилник
Вакуум пумпата се приклучува на надворешната единица преку манометар за контрола на притисокот, кој пак се поврзува со вентилот за полнење на фреонот во клима уредот. Целокупниот процес на вакумирање трае 10-15 минути, после кој се врши полнење со фреон на системот.
Зошто вакумирањето е толку неопходно?
Фреонот испарува на многу ниски температури односно на температура под 0 C степени, додека пак водата на 0 C степени се замрзнува па така доколку се дојде до мешање на овие материи ќе дојде до запушување на системот. Друга можност е воздухот што е останат во цевките да реагира со фреонот кој се наоѓа во системот и да се создаде киселина, која понатаму ги оштетува деловите на компресорот, потоа следи прегрејување на системот, зголемена температура на маслото и негово разградување, што на крај најчесто завршува со дефект на компресорот.
Како е можно климата да работи, доколку не се изврши вакумирање и како тоа искусните “ мајстори “ го практикуваат?
Одговорот е следен: Некои од произведувачите на клима уредите, цевките за инсталација ги испорачуваат претходно вакумирани и наполнети со инертен гас за да не доаѓа до контакт со кислородот и до појава на влага и нечистотија.
Кај поевтините клима уреди цевките се затворени само со пластични капачиња, па тука ќе биде потребна поголема мајсторија и внимание доколку не се користи алат за вакумирање. Процесот на вакумирање без специјалната опрема сега ќе се обидеме да го објасниме.
Со поврзувањето на бакарните цевки со двете единици (надворешна и внатрешна), се местат и двата холендри кои се наоѓаат на двата вентили на надворешната единица. Инаку вентилите на надворешната единица треба претходно да бидат затворени. Холендерот на подебелата цевка (повратната цевка) не се стега до крај, додека пак холендарот на послабата цевка (потисна) се стега до крај. Тогаш вентилот поврзан со малата цевка го отвараме малку и чекаме 3-5 сек додека фреонот циркулира низ климатизерот и на тој начин со својот притисок го истисне воздухот. Кога ќе почне да излегува фреонот преку отворениот холендар на подебелата цевка, тогаш веднаш го затвараме холендерот на вентилот и тоа значи дека воздухот од системот е исфрлен.
Овој начин на вакумирање можат да го практикуваат само искусните мајстори кои преку својот осет, можат да приметат кога ќе почне да излегува фреонот. При овој процес на вакумирање треба да се посвети особено внимание затоа што притисокот кога времето е облачно е многу поразличен отколку кога времето е сончево, а со тоа процесот во времетрање се разликува. Овој начин на вакумирање е можен само доколку во системот има доволно фреон.
Со горенапишаниот начин на вакумирање не се проверува притисок во клима уредот, ниту пак се проверуваат споевите на цевките и не се препорачува, туку се изведува само во исклучителни случаи. За разлика од овој начин, при вакумирање со специјална опрема ги добивате сите потребни информации и клима уредот има услови да се користи подолг период .
Почитувани,
кога се прави вакумирањето без вакуум пумпа, дали климата треба да биде вклучена во напон и стартирана со далечинскиот управувач или самовакуумирањето се изведува без електричен напон. Ве молам доколку имате некоја скица, шема или слично да ми испратите или да ми дадете некој линк од некое видео на YOUTUBE или да ми дадете линк до некоја веб страна за упатство. Однапред Ви се заблагодарувам
Поздрав до Ване од Радовиш
Почитувани,
Ве молам за објаснување како е можно вакумирањето да се изведе со обичен компресор и каков треба да биде тој компресор (спецификации).?
Однапред Ви се заблагодарувам
Поздрав од Ване од Радовиш
Dobar den Vane,
Nie vrsime prodazba, a nashite sorabotnici-moneteri gi izveduvaat ovie raboti. Dokolku Vi treba montazha na klima ured inverter tehnologija kade se vrshi vakumiranje ili obichna klima, slobodno obaratete ni se kje Ve povrzeme so struchni lica.
Pozdrav.