Воздушни топлински пумпи, како едноставен и прифатлив извор на енергија

Топлинска пумпаВоздушните топлински пумпи претставуваат наједноставни пумпи за користење и за вградување. Освен тоа тие се значајно поевтини од останатите типови на топлински пумпи. Со овој пост ќе се запознаете повеќе за начинот на кој овие системи мудро го искористуваат воздухот од околината, за греење и ладење на саканиот простор.

Изборот на топлинска пумпа зависи од тоа каде се наоѓа вашиот дом или работна канцеларија, како и кои се вашите потреби за греење и ладење. Едно од можните решенија може да биде воздушна топлинска пумпа – воздух/воздух и воздух/вода. Воздушните топлински пумпи овозможуваат ефикасно греење и ладење на саканиот простор, а посебно се погодни доколку се наоѓате во потопли краеви. Овие пумпи се едноставни за употреба и не претставуваат голем трошок за време на вградувањето. Правилното инсталирање на овие системи од овој тип на пумпа може да даде и до три пати повисока топлинска енергија во споредба со потрошувачката на електрична енергија. Како е тоа возможно? Да се потсетиме, топлинската пумпа едноставно ја преместува топлината, за разлика од застарените системи кои работат на принципот на согорување.

Најверојатно се запрашувате како топлинската пумпа во зима ќе зема ладен воздух од надвор и со тој воздух ќе го грее саканиот простор внатре? Топлинските пумпи се навистина иновативно решение, а сега ќе дознаеме и како тие всушност работат. Верувале или не, топлина можат да произведуваат со земање на надворешен воздух со температура и од -20 oC, а со тој земен воздух може да постигне температура и до 65 oC. Воздушните топлински пумпи земаат топлина од надворешниот воздух во текот на грејната сезона, а во текот на летото ја исфрлаат топлината надвор.

Како што споменавме, постојат два типа на топлински пумпи. Воздух/воздух топлинска пумпа која зема топлина од надворешниот воздух и ја префрла во внатрешниот простор. Друг тип на пумпа е воздух/вода, а овој систем се користи најчесто во згради кои имаат систем со топлински проток на вода. Во овој случај, во текот на грејната сезона воздухот кој го зема пумпата од надвор добиената топлина ја префрла во водата која циркулира во системот (на парно греење или подно греење). Добро е да се знае дека топлинските пумпи најдобро работат во комбинација со подно греење. Кога се користи пак ладење тогаш процесот е обратен, топлината од водата се исфрла надвор. Воздух/вода топлинските пумпи овозможуваат греење по пат на затворен воден круг, а голем број на воздушни пумпи овозможуваат и греење на вода за потребите на домаќинството.

На пониски температури топлинските пумпи работат поефикасно дури и од конвенционалните котли, па токму поради тоа се поприкладни за подно греење и поголеми радијатори. Греењето и ладењето се постигнува со полнење на фреон кој поминува низ компонентите на воздушните пумпи. Главните делови на пумпата – компресорот, испраувачот, кондензаторот и експанзиониот сад, се користат за промена на физичката состојба на течноста за ладење од течна состојба во топол гас и од гас во ладна течност. Во системот на воздушните топлински пумпи е вклучена и надворешна единица која служи за ладење или греење на течноста со која работи, зависно од потребата. При изборот на пумпите, пожелно е надворешната единица да има можност за одмрзнување, бидејќи тоа е многу корисно во зимските периоди кога температурите се под нулата.

Toplinska pumpaРаботната течност поминува низ поединечните делови на системот и со помош на надворешниот воздух станува се потопла и потопла се дур не премине во гасна состојба. Кога ќе се достигне потребната топлина, со помош на системот за греење таа се пренесува во воздухот на просторијата која сакаме да ја загрееме. Со испуштањето на топлината во просторот пумпата станува поладна, а со тоа се создава кондензација која гасот повторно го претвара во течност. За тоа време таа испушта додатна количина на латентна топлина која исто така го загрева воздухот. Течноста во овој случај е повторно ладна и со помош на експанзиониот сад, набрзо е спремна за нов циклус. Иако воздушните пумпи не се толку ефикасни како они кои се користат со поставување на бушотини во земјата како извор на енергија, за некои објекти ќе претставуваат совршено решение заради следниве предности:

– Поевтини се од останатите топлински пумпи,
– Едноставна инсталација – можат да се инсталираат дури и во станови,
– Енергетската ефикасност е значајно поголема отколку кај вообичаениот начин на греење со користење на еколошки штетни, необновливи извори на енергија,
– Можно е и греење и ладење,
– Воздухот кој го користи е насекаде и е бесплатен,
– Овозможува голема финансиска заштеда и за брзо време ја оправдува инвестицијата,
– Троши до 75% помалце електрична енергија,
– Овие пумпи имаат многу малку подвижни елементи што ги прави многу лесни за одржување,
– Трошоците за одржување се ниски,
– Не користи токсични и запаливи материи во текот на греењето,
– Се користи за греење на вода, а кај одредени модели и за загревање на базени,
– Топлинските пумпи се компактни и немаат потреба од никави резервоари за гориво,
– Еколошки се прифатливи – можат да ја смалат емисијата на јаглерод диоксид во воздухот и до 5 тони на годишно ниво,
– Со изборот на квалитетна топлинска пумпа, одбираме уред кој ќе не служи 20 години и повеќе.

Воздушните топлински пумпи со тоа представуваат одлично решение за греење и ладење на вашиот дом или канцеларија, како и за затоплување на санитарна вода. Различни модели имаат различни додатни опции како што е споменатата можност за греење на базен, или контролирање преку интернет. Овие пумпи е возможно да се комбинираат со други системи како на пример соларните колектори како би се зголемила ефикасноста на искористување на обновливите извори на енергија, а со самото тоа дополнително да ги намалиме трошоците. Топлинските пумпи се технологија која напредува од дена на ден, па така денес веќе се произведуваат многу моќни модели кои можат да работат на многу ниски температури, кои и понатака ќе даваат многу голема заштеда на електрична енергија.

Воздушните топлински пумпи можат да работат и до четири пати поефикасно во однос на сегашните начини на греење. Но пред самиот избор на топлинска пумпа, важно е да се размислат неколку фактори, бидејќи за различни потреби постојат различни решења. Можеби со читањето на овој пост ќе заклучите дека поставувањето на топлинска пумпа е вистинското решение за вас.

Comments

  1. Imam Stan vo kuka na 4 sprata! Stanot mi e na tretiot! Kukata e izolirana so stiropor so debelene 8 cm na sever I istok I 5 cm na zapad I jug. Imam kotel na NAFTA I kamin na drva ! Stanot e so golemina od 150m2! Kako I so stop DA go zagream stanot? Naftata e skapa,kaminot e na treti sprat I e problematic no nosenjeto drva! Imate li nekakva ponuda? Kolku bi cinela? Dali so kamin ili kotel na peleti bi go resil problemot? Dali so toplotna pumps? Be molam predlozete nesto!

    • Почитувани,

      Во вашиот случај можете да поставите горилник на пелет на котелот на нафта доколку тоа го дозволува самиот котел, инаку доколку сте спремни за целосно нова инсталација сигурно ќе ви биде најисплатливо решение поставување на топлинска пумпа. Инаку камини на пелет можете да погледате на следниот линк каде имате и цени за истите http://www.termosistem.com.mk/products-page/kamin/kamini-na-peleti/

      Со Почит,
      Термо Систем

  2. stanot mi e 80 kvadrata stavam камини на пелети so istalacija i radijatori

    kolku ke me kosta sve koplet i dali moze na rati. vi blagodaram za

    odgovorot sto ke mi odgovorite.

    • Почитувани,

      Целата инсталација грубо би ве чинела околу 2500 евра инаку за на рати можете да се информирате во Капитал банка со која имаме склучено догвор за соработка.

      Со Почит,
      Термо Сисистем

Остави коментар

*