Wilo-DrainLift KH 32-0,4 – решение за отпадна и фекална вода

Колку пати до сега имате влезено во некој објект или куќа која што има цел еден спрат, односно повеќе простории под земјата. Повеќето од тие објекти имаат проблеми со одводната мрежа затоа што во повеќето случаи таа се наоѓа на повисоко ниво од тоалетите  кои се наоѓаат во долните спратови. За ваков случај постојат повеќе видови на решенија, но ние сега ќе го претставиме наједноставното и во последно време најкористеното решение. Ние сега ќе зборуваме за Wilo-DrainLift KH 32-0,4.

Wilo-DrainLift KH 32-0,4 е пумпа која се користи за транспортирање на отпадна и фекална вода од индивидуални тоалети која неможе да се одведе по гравитационен пат во канализацискиот систем.  Постои можност за директно приклучување на WC школка, оносно таа се поставува веднаш позади школката, а на неа можат да се приклучат дополнително и умивалник, туш или биде.
Пумпата не се користи само во објекти каде има простории под земјата. Нивната употреба е широко распространета па бидејќи имаат внатре сецкалки се користат да не дојде до запушување на канализацината мрежа.
Тие се монтираат и во многу ресторани и кафулиња во тоалетите, но тука постои голем ризик за пумпата бидејќи во WC школката таму се фрла најразличен отад кој би можел да предизвика оштетување на пумпата. Затоа ние не препорачуваме монтирање во тоалети каде пристап имаат голем број на луѓе. Максималната висина до која може пумпата да ја транспортира одпадната вода е 5.5 метри, така да во зависност од вашите потреби може да биде  решението на повеќето проблеми од овој тип.
Инаку пумпата сама по себе е со модерен дизајн со високо квалитетна сјајна пластика, а таа со својот облик и изведба штеди на просторот. Внатре има интегриран механизам за сецкање кој што напојување зема од монофазен мотор со термичка заштита.
Пумпата може да се регулира со пратење на притисокот што го прави нивото на течноста, има и можност за приклучување на цевка за вентилација и вграден филтер за мириси од активен јаглен.
Содржина на испораката се состои од: подготвен за приклучување уред со вградена пумпа, неповратен вентил, приклучок за вентилација, заптивка за одводен приклучок, филтер со мирис од активен јаглен, комплет за поврзување на потисен цевковод со флексибилна врска и се разбира на крај, упатство за монтажа.

 

Comments

  1. kolku kosta ovaa pumpa

Остави коментар

*