Дали сте знаеле дека доколку не сте задоволни од температурата што ја постигнува вашето грејно тело, најчесто грешката не е само до него, туку на тоа влијаат и многу други пропратни елементи.
Некои од причините за енергетската неефикасност ги знаете и со многу малку труд и вие самите можете да ги поправите, за некои ќе биде потребно стручно лице, но како и да е ние ќе ги разгледаме и ќе ги наведеме придобивките доколку се направат.
Лесно е кога знаеш како, нели?
- Термостатски вентили. Во глобала повеќето вентили кои се монтирани во нашите домови кај радијаторите се обични механички вентили. Што значи тоа? Тоа значи дека имаа само две опции да ја пропуштаат или сопираат водата. За разлика од таквите вентили, термостатскиот вентил има опција за вградување на термостатска глава која пак ја регулира температурата на водата. Со регулација на температурата, се доаѓа до значителна заштеда на енергија затоа што кога ни е ладно само можеме да ја покачиме температурата на термостатската глава за неколку степени и ќе ни стане попријано, за разлика од механичкиот каде не постои можност за регулација на температурата, радијаторот ќе се загрева до својот максимум и доаѓа до поголема потрошувачка.
- Собен термостат. Доколку не се загреваме со класични радијатори, туку на некој дуг начин без разлика дали е подно грење, фенкојлери и.т.н многу е битно и тука да имаме регулација на собната температура. Тоа може да се изведе со собен термостат. Собниот термостат во глобала ги има истите функции како термостатската глава која ја објаснивме предходно. Воедно во контекстов може да наведеме дека доколку ја намалите собната температура за само 1 степен на годишно ниво вие ги намалувате трошоцие за греење за 10%. Сега на пазарот можат да се најдат и така наречени “паметни” собни термостати кои ги паметат вашите постапки, односно паметат кога вие сте ја намалиле температурата кога сте ја зголемиле и после некој период тие самите се усмеруваат според тоа. На пример вие станувате во 7 часот и го зголемувате грењето го напуштате вашиот дом во 8.30 и го намалувае греењето или го исклучувате. Кога ќе се вратите од работа во 17 часот пак го зголемувате греењето и термостатот сето тоа го памети. По одреден временски период на термосатот нема да има потреба да му задавате наредба туку тој автоматски ќе ја рагулира температурата во вашиот дом бидејќи автоматски се програмира во зависност од вашите навики.
- Изолација на прозорците. Не е потребно да бидеш експерт за енергетска ефикасност за да знаеш дека топлината од вашиот дом најмногу се губи од прозорците и вратите. Доколку немате квалитетни прозорци треба само да застанете до нив во зимсиот период и веднаш ќе го почувствувате струењето на ладен воздух што влегува преку нив. Најдобро решение за овој проблем е заменување на старите со нови изолирани PVC прозорци. Но доколку не сме во можност тоа да го направиме поради безброј причини, постојат специјални траки кои се ставаат околу прозорците и се намалува губитокот на топлината. Инвестицијата е минимална и можете самите тоа да го направите а заштедата е значителна, т.е чувството во вашиот дом е многу попијатно.
- Изолациона фасада. Ова би можело да биде најдобрата инвестиција што некогаш сте ја направиле за вашиот дом. По поставувањето на изолационата фасада во првата грејна сезона потрошувачката на енергија е намалена за 35% и разликата е повеќе од очигледна и се чувствува во домашниот буџет. 5 cm стиропор ставен на фасада заменува 30 cm цигла, а разликата во температура во ист објет, пред да се стави изолациона фазада и по ставањето е за 7 степени.
- Замена на стариот котел со нов поекономичен односно, котел со поголем степен на искористување. Сигурно сте сретнале луѓе кои во глобала живеат во слични објекти, односно приближна квадратура и објектот да е изграден од ист материјал, а се разликуваат многу во потрошувачката на огревен материјал. Најчестата причина поради тоа е разликата во котлите на цврсто гориво. Постарите или неквалитените котли, топлиот воздух што се создава при согорување на огревниот материјал го испуштаат дирекно во оџакот, додека пак поновите имаат поголем степен на искористеност со тоа што топлиот воздух кружи низ нив, помеѓу специјални промаи (прегради), а тоа води кон задржување на топлината на подолг период и заштедување на огревен материјал.
Иновации поврзани со греењето, за тоа како да го подобрите а воедно и да заштедиде, се случаваат секојдневно и тоа во вашата околина. Од најразлични нови грејни тела, до нови огревни материјали кои испуштаат повеќе топлина а чинат минимално. За да го подобрите греењето во вашиот дом би можеле да се определите за некој од нив, а за максимална заштеда придружувајте се до некои препораки од темите кои ги обработивме во овој и во претходните постови.
Leave a Reply