Во помодерните и поголемите маркети, трговски цетри, канцелариски одели и.т.н, веќе стана пракса да се инсталираат грејни системи кои се многу поекономични и по елегантни. Во зависност од потребите и можностите во повеќето случаи тој избор паѓа на подното греење. А зошто е тоа така сега ќе откриеме.
Во секоја соба различна температура по желба. Комодитетот кај подното греење е тоа што постои можност температурата во сите простории да е различна. Односно со намалување или зголемување на протокот, одредена просторија ја зголемуа или намалува температурата.
Можност за регулација на температурата во одредени делови на просторијата. Во програмата на Giacomini постои сет наменет специјално за регулација на температурата на одредена просторија која се загрева со помош на подното греење. Имено сетот функионира на тој начин што специјалното црево наменето за подно греење се спроведува до него потоа пак се пушта од него и се инсталира на саканата површина. Подоцна преку термостатската глава се поставува потребната температура. Сетот наменет за подно греење најголема примена има во тоалетот или пак во кујната каде подовите во глобала се со плочки и по автоматизам таму сакаме да се движиме по потопол под.
Економичноси помеѓу 20-30%. Затоа што топлината доаѓа од долу и поради безброј други фактори подното грење во зависност каков е објектот, е за 20-30% поефикасно од радијаторското грење. Кога ќе се земе и фактот дека од финансиски поглед, инсталација на подното и радијаторското греење не се разликува, односно за да инсталирате греење во еден објект, дали е радијаторско или пак подно би потрошиле приближно исто пари, подното е далеку по прифатливо решение. Затоа доколку постои можност за инсталација на подното греење ние секогаш го препорачуваме тоа.
Не завзема од вашиот простор. Колку пати до сега ви се има случено при преместување на мебелот во собата, некое парче мебел да не можете да го ставите на саканата локација затоа што таму ќе го затвори грејното тело. Со системот за подно греење ова не може да се случи. Најголемата предност кај подното греење е тоа што него не го гледате, туку само ја чуствувата топлината која излегува од него. Со тоа автоматски добивате на простор, затоа што во собата нема видливи грејни тела,
Ја намалува влагата на воздухот. Поради начинот на функционирање системот за подно греење ја намалува влагата на воздухот.
Спречува струење на воздухот. Системот за подно греење не издувува топол воздух туку само зрачи со топлина, со тоа автоматски се спречува и струењето на воздухот во просторијата.
Ова се само еден дел од придобивките кои ќе ги имате доколку имате инсталирано подно греење, во некој од наредните постови ќе се објавиме уште.
Leave a Reply