8 Совети за зачувување на топлината во вашиот дом !

Услуги

energy-efficiency (1)
1.
Прекријте го целиот под со теписи или пак друг вид на прекривка. Сторете го тоа особено ако немате изолација на подот.

2.
Зголемувајте ја температурата постепено, со цел намалување на вашата сметка. Брзото зголемување на температура, без оглед дали станува збор за ладење или греење, троши големо количество на енергија, обидувајќи се да ја постигне зададената температура, а со тоа расте и вашата сметка.

3.
Набавете си енергетски ефикасна топлинска пумпа од програмата на Daikin и двојно намалете ги вашите трошоци.

4.
Извршете подесување на вашиот дигитален термостат пред заминувањето на зимски одмор, но не ја исклучувајте целосно вашата клима. Така клима уредот ќе ја одржува температурата во вашиот дом, ќе врши догревање доколку е потребно и воедно ќе ја намали вашата сметка. Доколку заминете на зимски одмор, а не го вклучите греењето, кога ќе се вратите на системот за греење ќе му биде потребно многу повеќе време, да го загрее веќе оладениот дом, што ќе ја оптовари вашата сметка за електрична енергија.

5.

Загревајте го вашиот дом со помош на сончевите зраци. Оставете ги вашите прозорци не покриени со завеси, ролетни итн.

6.
Намалете ја температурата на вашиот термостат, секогаш кога искачате од дома.

7.
Заштедете со опцијата „Auto“ на вашиот термостат. Со вклучување на опцијата „Auto“ температурата во вашиот дом ќе биде константна, а истовремено ќе заштедувате.

8.
Отворете ги сите внатрешни врати во вашиот дом, со цел полесно циркулирање на воздухот.

Остави коментар

*