Колку пати до сега сте забележале дека радијаторот не ви работи односно не зрачи со топлинска енергија?
Повеќето луѓе знаат во што е проблемот, но има и луѓе кои не се запознаени со ваквата тематика. Проблемот лежи во тоа што при процесите што се одвиваат во радијаторот доаѓа до создавање на многу издувни гасови кои што понатаму го спречуваат протокот на топла вода во радијаторот и затоа се случува да радијаторот не грее онака како што треба.
За да спречи оваа појава, секој радијатор има славиница за воздух, што во повеќето случаи е механичка, односно треба да ја завртиме за да излезе компримираниот воздух од радијаторот.
Во повеќето случаи ние тоа го откриваме доста доцна бидејќи просторот во кој престојуваме во дадениот момент е ладен и е потребно време додека тој да се загрее, а во меѓувреме ќе користиме други грејни тела што значи повеќе финансиски расходи. За решение на овој проблем го претставуваме автоматскиот воздушен вентил на GIACOMINI.
Улогата на автоматскиот воздушен вентил е да ги испушта гасовите (воздух, кислород, водород) кои што настанале во текот на работата на еден радијатор, кои што можат да предизвикаат дефект на системот, звуци од радијаторот, воздушни џебови кои што го лимитирааат греењето, или пак едноставно корозија и распад на компонентите.
GIACOMINI автоматскиот воздушен венти е резултат на повеќегодишно истражување и пластичниот пловак што е на него е направен да може лесно да се инсталира на секаков вид радијатори, направени од железо, челик, алуминиум под услов да имаат добар излез. Тој се монтира на страничните делови од радијаторот со испустот за воздух завртен нагоре за беспрекорна работа. Во зависност од која страна планирате да ги монтираате тие можат да бидат со навој за лева и десна страна.
Карактеристики
- Максимален работен притисок 14 bar
- Препорачлив работен притисок – 7 bar
- Максимална работна температура – 120оC
- Конекција – 1” и 1 ¼”
Придобивките од користењето на автоматскиот воздушен вентил е тоа што никогош повеќе на радијаторот нема да се јавуваат проблемите поврзани со гасовите настанати при греењето во системот. Со тоа се продолжува животниот век на радијаторот, а проблемите и нервозите поврзани со греењето од овој аспект се веќе минато.
Samoil Ciconkov says
Interesna vest. Kakvo e iskustvoto od montiranje na ventilite na fan coil edinici. Dali imaat mali dimenzii da se vklopat vo maskata na fan coil.
Dali opsegot na rabota e i za ladna voda?
Pozdrav