BOSCH Електричен акумулационен бојлер – Употреба и одржување

Bosch бојлерОвој бојлер е наменет за да ги снабдува со вода домаќинствата, приклучени на доводна мрежа, со притисок не поголем од 7 MPa. Правилното ракување и употреба на овој електричен уред е првиот чекор кон долготрајно и нормално функционирање на работата на истиот. Во овој пост ќе ги наведеме карактеристиките во функционирањето и дел од мерките на претпазливост при употреба на овој бојлер. Пред да почнеме со користење на бојлерот, треба да се провери дали е правилно приклучен на електричната мрежа и дали е наполнет со вода. Уредот содржи терморегулатор кој се користи како заштита од прегревање и го исклучува грејачот од електричната мрежа кога температурата е многу висока. При поврзување на бојлерот од голема важност е тоа да го прави овластен сервисер или водоинсталатер, со цел да се води сметка за правилно спојување. Доколку бојлерот работи безбедно, потребно е неповратниот вентил редовно да се чисти и прегледува дали нормално функционира. Онаму каде од водата се наталожил каменец, истиот треба да се исчисти. Доколку заради наведената причина бојлерот го промени звукот на работење, тоа може да значи и намалување на ефикасноста во размената на топлина помеѓу грејачот и водата. Како и при работа со секаков електричен уред, така и за овој Bosch бојлер упатството за употреба треба внимателно да се прочита и употребува.

Остави коментар

*