Брзиот развој на индустријата и глобалниот технолошки развој од година за година допринесуваaт до производство и развој на технолошко современи апарати и уреди. Енергетската ефикасност често се поврзува со технолошките иновации и промени, кои се дел од секојдневниот живот. Во минатото се произведувале и користеле апарати согласно тогашниот степен на развиеност на сите процеси на производство. Сега се повеќе се внимава на производство и користење на енергетско ефикасни производи и уреди.
Кога станува збор за енергетска ефикасност најчесто се мисли на редукција на користење на енергија на одредени сервисни центри во еден објект како што се греење, ладење, осветлување или било кој друг потрошувач на енергија заради обезбедување на нормален секојдневен живот.
На глобално ниво, сведоци сме дека технологијата има најголем удел во обезбедување на енергетска ефикасност, но човечкиот фактор е еден многу битен фактор во целиот тој процес на зголемување на нивото на енергетска ефикасност. Неговата природа е таква да истиот може свесно да влијае и упорно работи на зголемување на свеста за развој на енергетска ефикаснот. Неговата подготвеност за подобра организација, менаџирање и користење на енергијата во голема мера го зголемува нивото на овој глобален тренд.
Колку повеќе знаеме и се информираме за енергетската ефикаснот, толку полесно ќе може да интервенираме и да ги препознаеме знаците кои покажуваат ниска енергетска ефикасност.
Прво нешто кое е важно, доколку сакаме домот да биде енергетско ефикасен е запознавање со причинителите или изворите на енергетска неефикаснот. Целиот овој процес има постојани подобрувања, кои доведуваат до повисоки резултати, го штедат буџетот и ја заштитуваат екологијата на планетата Земја.
Во продолжение ги разгледуваме знаците кои можат да помогнат во откривање на подрачја кои ќе бараат подобрување на енергетската ефикасност во домот.
- Големи сметки за струја или огромна потрошувачка на енергенси, а сепак се чувствува ладно во просторијата доколку се однесува на греење или топло доколку се однесува на ладење.
- Чувствувате струење на воздух кај прозорците односно вратите што значи дека при греење ја губите топлината, додека при ладење влегува топлина. Ова е знак дека треба да преземете нешто во однос на затнување на дупките или пак замена на старите прозорци и вратите со енергетски ефеикасни прозорци и врати.
- Постојат отвори кои не можат да се затворат во зимскиот период. Често пати може да се користат вентилации кои ги користиме во летниот период, но затоа тие отвори мора да се затворат во зимскиот период.
- Преголема просторија со премало грејно тело.Несоодветна оптимизација на големината на просторијата и самото грејно тело кое треба да зрачи топлина може да претставува енергетски неефикасно решение.
- По исклучување на грејното тело просторијата веднаш се лади.Потребно е многу време за да се загрее просторијата.
- Погледнете ги уредите кои ги користи твојот систем за ладење или греење и видете дали има ознака за енергетска ефикасност. Се што е D,E,F… значи дека твојата просторија не спаѓа во групите на енергетски ефикасни.
- Голема разлика од изворот на енергијата до зрачењето на топлината во просторијата (измерете колкава температура се произведува и одземете ја температурата во просторијата, доколку разликата е поголема значи дека ви се губи голем износ на енергија некаде)
- Работа на системот за греење и во случаи кога нема луѓе во просторијата.
Пред нас има безброј начини за да се види дали нешто може да биде причина за енергетска неефикасност на просторијата. Колку сме повеќе спремни и размислуваме на причините и последиците на енергетската неефикаснот, толку можеме повеќе да делуваме во тој поглед. Некои решенија бараат поголеми инвестиции и вложување на пари и време, додека некои од нив се навистина лесно применливи и поефтини кои не мора значително да влијаат на вашиот домашен буџет.
Влoжување на пари, напор и време во решавање на овие прашања за неколку години повеќекратно ќе ви се исплати. Но, најдоброто е што ќе дадеме придонес во развој на почиста околина и подобар живот на идните генерации.
Leave a Reply