Југоисточна Европа се соочува со нова криза во снабувањето со електрична енергија, која е резултат на повеќегодишните сушни периоди кои го зафатија овој предел. Порастот на потрошувачката на електрична енергија во летниот период успешно се покрива со увоз на електрична енергија од правецот на Словенија, Унгарија, а нашата земја најмногу увезува од соседна Бугарија. Сепак доколку сушниот период и натаму продолжи, нискиот водостој на реките и на акумулациите ќе се задржи и ќе се соочиме со големи пробеми околу снабдувањето со електрична енергија. Произведувачите на електрична енергија потенцираат дека доколку сушите продолжат, тоа неминовно ќе влијае на цената на електричната енергија на регионално ниво.
Колку е озбилна ситуација говори и фактот што минатата недела, Хидроелектрика од Романија, инаку еден од најголемите регионални извозници на електрична енергија, ги откажа сите договори за продажба на електрична енергија поради нискиот водостој на Дунав.
Во меѓувреме, во Албанија ЦЕЗ (оператор во Албанија за дистрибуција) на 6.08.2012 потврди дека увозот на електрична енергија ја зголемил за речиси 4 пати. Фактот говори многу за моменталната ситуација во Албанија во поглед од енергетскиот сектор. Но ЦЕЗ оваа одлука ја објаснува со тоа што со сегашното купување на електрична енергија, ги чува своите акумулации за подоцнежен период кога ќе биде потребно поголемо количество на енергија.
Генералниот директор на електро произведувач од Босна и Херцеговина соопштил дека се очекува оваа година произведената електрична енергија, да биде за 20 проценти помала одколку претходната година. Инаку Босна и Херцеговина е единствениот извозник на електрична енергија во Западен Балкан, а дури 40% од енергијата се произведува во хидроелектраните.
Аналитичарите се сложни во процената околу тоа дека земјите на Балканскиот Полуостров, ќе се соочат со многу големи проблеми околу обезбедувањето на доволна енергија за грејната сезона, доколку изостанат големи врнежи во четвртиот квартал на годината.
Доколку темелно ги согледаме овие податоци и направиме една анализа, во нашата земја со сегашната состојба во енергетиката, не е потребно многу да се размислува за да се заклучи дека цената на електричната енергија ќе се зголемува во континуитет.
Затоа да не губиме време и нашиот дом да го направиме најмногу што можеме по енергетски независен. Значи да поставиме добра изолација и да го опремиме со соларни системи, геотермални пумпи, ветерници……
Leave a Reply