За подното греење имаме пишувано многу во изминативе постови, но сепак имаме изоставено еден многу битен сегмент, колку сето тоа би било поефикасно за разлика од радијаторското греење. Во зависност од потребите и можностите во повеќето случаи тој избор паѓа на подното греење. А зошто е тоа така сега ќе откриеме.
- Најчесто поставуваното прашање е кој вид на греење е поекономично. Во овој случај подното греење е поекономично за разлика од радијаторското за околу 20-30%. Што значи тоа? Тоа значи дека доколку имате една просторија која ја загревате со радијатори, за да ја добиете истата амбиентална температура на просторијата со системот за подно греење ќе потрошите помалку енергија во износ од 20-30% во однос на она што ќе го потрошите со радијаторите.
- Подното заштедува на простор за разлика од радијаторското. Подното греење само го чувствувате, односно ја чуствувате топлината а грејните тела не се видливи и не заземаат простор, додека пак кај радијаторското греење тоа не е случај. Не ретко при поставувањето на мебелот во вашиот дом се среќавате со проблемот одредено парче мебел да не го ставате околу радијаторот за да не го блокирате. Со подното греење со вакви проблеми не се среќавате.
- Комфорот кај подното бидејќи одите по топол под (паркет, ламинат, плочки, итн) за разлика од радијаторското кој топлиот воздух го праќа во горниот дел од просторијата. Колку пати до сега не се имате осмелено да одите боси на плочките во кујната или во купатилото зошто се ладни? Подното внесува комфор во вашиот дом.
- Естетика кај подното е на повисоко ниво, бидејќи кај радијаторското се гледаат најразлични цевки, фитинзи, вентили, итн.
- Во зависност какви материјали ќе користите, односно со каков квалитет, инвестицијата околу целокупната инсталација на системите за греење е различна. Доколку користиме материјали со приближно ист квалитет и во двата системи, инвестицијата за подно е поеономична за околу 30% .
- Доколку планирате да се затоплувате со помош на подното греење, целокупната инсталацијата треба да ја направите уште во изградбата на објектот бидејќи подоцна инсталацијата е потешка, додека кај радијаторското постојат повеќе опции. Доколку не постои можност за поврзување на радијаторите со алумпаст, постои можност на поврзување со бакар или со црна цевка.
- И во двата случаи за греење на просторијата се користи водатака да се отвара избор околу загревањето на водата, односно со помош на што сакаме да ја загреваме водата пр. со котел на цврсто гориво, на струја, со помош на сончева енергија итн.
Ова се само еден дел од придобивките кои ќе ги имате доколку имате инсталирано подно греење, во некој од наредните постови ќе се објавиме уште.За сите останати прашања кои што во горенаведениот текст не успеавме да ги опфатме ви стоиме на располагање.
Sakam da go slusnam vasheto mislenje za viadrus kotlite i koj e pocetniot pritisok sto manometarot treba da go pokazuva na kotelot a koj e pri rabota na kotelot.