
Поради фактот што температурите придонесуваат во ноќта да се превртуваме и да не можеме да заспиеме, во овој пост би сакале да ве информираме малку повеќе за поврзаноста на климатизерите со влажноста и квалитетот на воздухот кој го дишеме. Едно од тие прашања е и прашањето дали климатизерите содржат овлажнувач на воздухот. Денеска ќе зборуваме токму за тоа, односно како клима уредот ја контролира влажноста на воздухот во просторијата.
Генерално земено, речиси сите клима уреди, освен тоа што го ладат воздухот во просторијата, исто така ја контролираат и влажноста на воздухот, односно ја намалуваат. На намотниците на испарувачот се кондензира водената пареа од воздух. Процесот на кондензација на воздухот во климатизерот е ист со кондензација на воздухот на чаша полна со ладна течност. Или пак кога во зимските денови сме излезени надвор а на очите имаме очила, и по одреден период ќе влеземе во топла просторија, тогаш очилата кондензираат односно ќе се замаглат. Водата што се има насобрано во кондензаторот се исфрла надвор, односно водата која илегува од надворешната едниница, всушност е вода од внатрешната просторијата.
Позитивните страни од намалувањето на влажноста во просторијата се многубројни. Човечкиот организам се разладува на тој начин со тоа што се поти, а потоа таа течност испарува од нашата кожа. Кога влажноста на воздухот во просторијата е многу висока, испарувањето на потта е многу успорено (исто како што на алиштата им е потребен поголем период да се исушат, доколу влажноста на воздухот е голема). Повеќето клима уреди се дизајнирани автоматски да ја контролираат влажноста на воздухот, односно ја одржуваат на 40%-60% во просторијата, што воедно е и идеална за луѓето.
Освен тоа што со регулирањето на влажноста во просторијата, создаваме идеална микро-клима, туку со истото се спречува и појавувањето на мувла, која во влажните простории простории практично “цвета”. Големата влажност во просторијата исто така им одговара и на многубројни инсекти, како што се молците, бубашвабите, комарците и.т.н.
Во големите индустриски комплекси, или пак во одредени простории каде се наоѓа посебна електроника, во просторијата мора да има идеална микро-клима, затоа што преголема влажност во воздухот може многу негативно да делува на електрониката.
Leave a Reply