Поради фактот што температурите полека но сигурно, придонесуваат во ноќта да се превртуваме и до 100 пати и не можеме да заспиеме, токму поради тоа секојдневно луѓето доаѓаат во нашите простории да се информираат повеќе за климатизерите. Едно од тие прашања е и прашањето дали климатизерите содржат овлажнувач на воздухот. Денеска ќе зборуваме токму за тоа, односно како клима уредот ја контролира влажноста на воздухот во просторијата.
Во глобала, скоро сите клима уреди, освен тоа што го ладат воздухот во просторијата, исто така ја контролираат и влажноста на воздухот односно ја намалуваат. На намотниците на испарувачот се кондензира водената пареа од воздух. Процесот на кондензација на воздухот во климатизерот е ист со кондензација на воздухот на чаша полна со ладна течност. Или пак кога во зимските денови сме излезени надвор а на очите имаме очила, и по одреден период ќе влеземе во топла просторија, тогаш очилата кондензираат односно ќе се замаглат. Водата што се има насоберено во кондензаторот потоа се исфрла надвор, односно водата која илегува од надворешната едниница, всушност е вода од внатрешната просторијата.
Позитивните страни од намалувањето на влажноста во просторијата се многубројни. Човечкиот организам се разладува на тој начин со тоа што се поти, а потоа таа течност испарува од нашата кожа. Кога влажноста на воздухот во просторијата е многу висока, испарувањето на потта е многу успорено (исто како што на алиштата им е потребен поголем период да се исушат доколу влажноста на воздухот е голема).Повеќето клима уреди се дизајнирани автоматски да ја контролираат влажноста на воздухо, односно ја одржуваат на 40%-60% во просторијата, што воедно е и идеална за луѓето.
Освен тоа што со регулирањето на влажноста во просторијата, создаваме идеална микро-клима, туку со истото се спречува и појавувањето на мувла, која во влажните простории простории практично “цвета”. Големата влажност во просторијата исто така им одговара и на многубројни инсекти, како што се молците, бубашвабите, комарците и.т.н.
Во големите индустриски комплекси, или пак во одредени простории каде се наоѓа посебна електроника, во просторијата мора да има идеална микро-клима, затоа што преголема влажност во воздухот може многу негативно да делува на електрониката.
Ова е само дел од придобивките кои би ги имале доколку се одлучите да поставите клима уред во вашиот дом, а за сите стручни консултации околу климатизерите ви стоиме на располагање.
Leave a Reply