Нов хит во светот при решавање на ладење и греење во затворените простории претставуваат топлинските пумпи. Тие како ново идејно решение се енергетски ефикасни, а при нивната работа емитираат многу малку загадување во воздухот. Овие основни карактеристики на топлотните пумпи ги прават едни од наједноставните и најекономичните идејни решенија за климатизација на многу домови во светот.
Во овој пост повеќе ќе обрнеме, внимание на топлинска пумпа Daikin Altherma HT која претставува најново решение за греење и ладење. За разлика од други топлински пумпи чија максимална излезна температура на вода е 50 C°, кај Daikin Altherma HT постои можност за загревање на водата и до 80 C°, без користење на дополнителни греачи. Затоа оваа топлинска пумпа е идеална за поврзување на централно радијаторско греење кое има потреба од температура на водата поголема од 60 C°.
Како функционира?
Во прашање се три грејни циклуси. Компресорот на спојната единица (гас r410a) ја подигнува температурата на околу 50 C° во топлотниот изменувач на внатрешната единица. Внатрешната единица содржи уште еден компресор (гас r134a) кој има улога во вториот топлотен изменувач да ја подигне температурата од 50 C° до 80 C°. Последниот изменувач фреон-вода ја предава енергијата на водата која со помош на пумпа циркулира низ системот за централно греење.
Daikin Altherma HT е ефикасна и при многу ниски зимски температури (-25 C°) и ги содржи сите предности кои ги овозможува системот на Daikin Altherma со унапреден двоструко споен инвертер компресорски состав. Оваа топлинска пумпа (воздух – вода) е една од најпознатите во светот. Системот нуди максимална енергетска ефикасност и сигурност, што го овозможува долгогодишното искуство во развојот на топлинските пумпи и строгиот систем на контрола на квалитетот. Овој тип на топлинска пумпа можете да го поврзете и на соларен систем на бојлер со два изменувачи. Спојната единица на оваа топлинска пумпа е посебно изработена за работа во екстрено ладни услови. При тестирањето овие топлотни пумпи се подлежни на многу тешки испитувања и тестирања, симулирајќи ги најтешките можни услови на работа. Како изгледа тестирањето на топлинската пумпа можете да погледате тука.
Најважните предности на топлинската пумпа се обезбедување на голем број предности, со што овој поволен и еколошки прифатлив начин на греење дополнително добива на важност:
– Единствено решение за греење, ладење и потрошувачка на топла вода.
– Ниски инвестициски трошоци, во однос на други типови топлотни пумпи (геотермални).
– Висока искористеност на енергија и заштеда на трошоците за греење.
– Мал простор за сместување на уредот.
– Тивка работа, без емисија на издувни гасови.
– Идеална за замена на постоечкиот систем на греење кој постигнува температура до 80 C°.
– Нема дирекна емисија СО2.
– Помала потрошувачка на енергија во споредба со котлите на гас, струја и цврсто гориво.
Со овој пост искрено се надеваме дека ви ја доближивме можноста за функционирање и поволностите кои ги добивате при поставувањето на топлинска пумпа.
Leave a Reply