Дали знаете што се може да претставува извор на топлина за топлинската пумпа?

Видови топлински пумпиМногу пати до сега сме пишувале и разговарале за изворите на топлина кои секојдневно ги среќаваме и кои ги задоволуваат нашите потреби за удобен живот.

Во овој пост би обрнале внимание на различните природни извори на топлина кои се наоѓаат насекаде околу нас. Овие природни извори на топлина понекогаш ги занемаруваме, иако истите имаат различни карактеристики кои одредуваат кога и на кој начин може да ги користиме. Во продолжение ќе ви ги посочиме изворите на енергија за топлинската пумпа, кои имаат големо значење во нејзиното ефикасно работење.

Совршениот извор на топлина за топлинската пумпа треба да има висока и стабилна температура во текот на целата грејна сезона, да го има во изобилство и да биде достапен. Доста важно е да има поволни термо-физички својства, да биде незагаден и да не бара големи вложувања и оперативни трошоци. Изворите на топлина со своите карактеристики кои ги поседуваат можат да бидат погодни и идеални за домовите, додека некои можат да се користат единствено за индустриски објекти.

ВОЗДУХ ОД ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Овој извор на топлина е бесплатен, широко достапен и претставува најчест извор на топлина за топлинските пумпи. Возушните топлински пумпи имаат за 10-30% помала ефикасност од топлинските пумпи на вода. Тоа се должи на ниските температури во одредени предели и одредени периоди, како и на високите температурни разлики кои не се од никаква корист. Воздухот и неговата примена е наједноставна, потребен е само вентилатор кој работи на струја. За разлика од водата, воздухот има помал топлински капацитет, што значи дека може да прими помалку енергија.

ВЕНТИЛАЦИЈА
Вентилацијата е често користен извор на топлина во станбените и деловните простории. Топлинската пумпа ја зема топлината од вентилацијата на воздухот и ја користи за загревање на водата. Во текот на грејната сезона неопходен е непрекинат процес на вентилација, за да се обезбеди константен извор на топлина.

ПОДЗЕМНА ВОДА
Подземната вода е достапна со стабилна температура (4-10°C) и за неа се користи отворен и затворен систем. Кај отворениот систем подземната вода се испумпува, се лади и се враќа повторно во површинската вода. Тука постои опасност од загадување и замрзнување на водата и поради тоа треба да се внимава. Затворениот систем е обезбеден со експанзија и подезни цевки(колектори) низ кои циркулира течност. За овој тип на искористување на подземаната вода, инвестицијата е голема, но резултатот е одличен.

ЗЕМЈА
Земјата се користи како извор на топлина за станбени и деловни објекти и нејзина најголема предност е релативно високата просечна температура на годишно ниво, како и нејзината голема достапност.

КАРПИ
Во оние делови каде не е достапна подземната вода, се прават бушотини со длабочина од 100-200м и кога е потребен поголем топлински капацитет, бушотините се насочуваат кон големите камени масиви. Со овој тип на пумпа се извлекува топлината од карпите преку заварени пластични цевки.

РЕКИ И ЕЗЕРА, МОРИЊА
Реките и езерата претставуваат добар извор на топлина, но имаат недостаток со тоа што температурата во зима се движи околу 0°C. Морската вода на длабочина помеѓу 25 и 50 метри има константа температура (5-8°C).

ОТПАДНА ВОДА И КАНАЛИЗАЦИЈА
Имаат карактеристично висока и константа температура во текот на целата година. Како извор на топлина се користат канализациските одводи (филтрирана и нефилтрирана отпадна вода), индустриски одводи, вода за ладење во индустриските процеси, кондензирана топлина и сл. Најголемо огранишување во текот на неговото користење е оддалеченоста од корисникот, но е идеална во однос на заштеда кога би ја користеле индустриските топлински пумпи.

Од се она што досега кажавме, можеме да заклучиме дека воздухот од животната средина, подземните води и земјата се практични за помали системи на топлински пумпи. Од друга страна изворите како што се карпи, реки, езера и мориња, отпадна вода и канализација се користат за големите системи на топлински пумпи.

Comments

  1. Zdravo Pocituvani,
    Jas imam plac vo Dojran i za topla voda od Vas zemav ponuda.
    E sega gledam uste edna moznost so toplotnata pumpa??.
    Bidejki e Novogradba 11x6m i e na brdo so kosina, od gornata strana na dlabina 1m moze da se postavi edna pocinkuvana cevka so dolzina l=11m. odnosno 2x11m da kruzi vodata okolu cevkata.
    Leto bojlerot od solarnoto greenje moze da se koristi so toa sto edniot greac da bide priklucen na toplotnata pumpa, a drugiot na solarnite paneli, a za ladenje da se vgradi instalacija za parno (podno greenje ili radijatori) koi ke ladat.
    Zimno vreme solarniot bojler da bide isklucen od toplotnata pumpa, a priklucen na pocinkuvanata cevka pred kukata za ladenje, a za greenje da bide priklucen na radijatorite.
    Bidejki imam ponuda za Solarniot bojler i panelite, sega moze li da dobijam cena za pumpata, radijatorite (ili podno greenje) i da bide kompletno reseno topla voda, ladenje i greenje.
    Pozdrav

Остави коментар

*