Дрвените пелети својата примена ја наоѓаат во загревањето на простории со различни големини, без оглед дали станува збор за камини со систем на дување на топол воздух или пак камин со опција за поврзување на централно греење.
Пелетите се изработуваат од деланки и ситни остатоци од дрво, компресирајќи ги во цилиндри со различна големина, чиј што дијаметар варира од 6мм до 8мм и должина од 5мм до 30мм. При самиот процес на изработка, во зависност од дрвниот материјал и процентот на лигнин, кој го поседува (слично на природна смола), не се додаваат дополнителни состојки, како на пример вештачки лепак. Но Ве советуваме пред да набавите поголема количина на пелет, убаво прочитајте го составот, кој се наоѓа на самата декларација на пакувањето.
За квалитетен пелет се смета пелет чија што густина се движи помеѓу 600кг/м3 и 750кг/м3, додека пак влажноста е во границите од 5% до максимални 8%, во зависност од тежината.
Пелетите се еколошко гориво, кој што при согорувањето во целост го согоруваат дрвото, што не е случај со фосилните горива.
Пелетите исто така имаат и технички предности. Квалитетното дрво има калориска моќ од 4,4 kW/kg (со влажност од 15%), додека пак калориската моќ на пелетите изнесува 4,9 kW/kg.
За да овозможите беспрекорно согорување на пелетите, од клучно значење е нивното чување, односно да бидат заштитени од влажност и нечистотија.
Слабиот квалитет на пелет резултира забрзано и неквалитетно согорување, како и потребата на почесто чистење на остатоците, односно пепелта.
Законски норми при изработката на пелети во земјите во ЕУ- DINplus and Ö-Norm M7135
• Калорична моќ: 4,9 kW/kg
• Процент на вода: мах 10% од тежината
• Процент на остатоци од согорување (пепел): мах 0,5% од тежината
• Дијаметар: од 5 до 8 мм
• Должина: мах 30мм
• Состав: 100% остатоци од дрво, без додатоци на други сврзувачки материи (процент на кора 5%).
Со употреба на соодветно изработени пелети, Вашиот камин на пелети може да го постигне својот максимум, во однос на искористеност и ефикасност.
Корисни линкови:
Обновлива суровина за греење на вашиот дом, хит во Европа
Камини со систем на дување на топол воздух: Технички карактеристики
Позитивни и негативни искуства од различните видови на пелет
Leave a Reply