Во зависност од тоа кој вид на био маса се користи за производството на пелет, постојат повеќе видови на пелети и тоа : дрво- струготини, слама, стебла од памук, лушпа од ориз, лушпа од кикирики, бамбус, делови од хартија, трева, пченка итн.
Во специјални машини за производство на пелети, се става главната суровина од која ќе се произведат пелетите. Тие поминуваат низ специјални цевки каде што се компресираат во цилиндри со различна димензија.
Машината суши, компресира и ја формира формата на пелетите, по завршувањето на овој процес, пелетите се подготвени за употреба. Пелетите се чисти, не предизвикуваат дим кога согоруваат и не ја загадуваат околината.
Пелетите се употребуваат за греење, за готвење на пелети, загревање на вода во бојлер итн.
Совети за чување на пелетите!
Како и кај обичните дрва, дрвените пелети не согоруваат добро доколку се влажни. Обезбедете им на Вашите пелети суво место без влага, со цел да ја искористите максимално нивната енергетска моќ.
Доколку ги чувате Вашите пелети во гаража, поткренете ги на платформа, односно издвојте ги од подот, за да може да циркулира воздухот меѓу нив.
Пелети од пченка!
Еден од поновите суровини од кои се произведува пелет, е остатоци од пченка, кој нудат речиси идентична енергетска моќ, споредено со пелетите на дрва. Пример 300 милиони тони пченка се произведува на секој три месеци во Јужна Америка.
За и против пелетите од пченка!
Главниот недостаток од користењето на пелетите од пченка е тоа што треба да инвестирате во изградба на склад за пелети на пченка, специјално дизајнирани. Во текот на согорувањето,пелетите од пченка повеќе се ронат и создаваат повеќе пепел, споредно со дрвените пелети.
Главна предност на пелетите од пченка е позитивното влијание врз околината. При процесот на согорување, не се ослободуваат штетни гасови, комплетно може да се рециклираат и се обновливи.
Предности од користењето на пелети од трева се:
• Тревата преставува речиси неограничен ресурс, расте многу брзо, не бара посебна грижа/ одлгледување, а е достапна во целиот свет.
• Пониски трошоци за самиот процес на сушење: Сушара за тревата за пелети не е потребна, едноставно може да се постават надвор на сонце, за разлика од примерот кај пелетите на дрво и пченка.
• Тревата се суши многу побрзо споредбено со дрвото и пчелната.
• Речиси идентична калориска моќ при согорување, споредбено со пелет на дрво или пак пелет на пченка.
Совет плус+
За да извлечете најголема ефикасност од вашиот котел на биомаса, користете го препорачаниот вид на пелет. Вашиот добавувач напелет прашајте го за големината на пелетот, колку пепел ќе има како остаток од согорувањето и со колкава моќност се.
Со согорувањето на пелетите се генерира 80% помалку CO2 гас, споредбено со согорувањето на нафтата за домаќинство, како една од најпознатите еколошки го горива.
[…] […]