Веќе имаме пишувано доста доволно постови околу ефикасноста на подното греење и начинот за негово поставување. Во овој пост ќе обрнеме малку повеќе внимание на изолацијата за поставување на подно греење и добивањето на ефектот од поставување на истата. Стиропорот со печурки Giacomini R982Q е основата како и вистински избор за прецизно и безбедно поставено Giacotherm црево за подно со антиоксигенска бариера.
Употребата на стиропорот е од фунаментално значење за поставување на модерна и функционална инсталација на црево за подно греење. Стиропорот му овозможува на цревото побрз провод на топлината во просторијата и тој игра главана улога околу блокирањето на загуба на топлина надолу. Ова значи дека со поставувањето на стиропорот ќе успееме да заштедиме енергија, која во друг случај би била загубена.
Од Giacomini произведуваат повеќе видови на стиропор со различни големини и дебелини, но ние сега ќе зборуваме за стиропор кој одлично се вклопува во секоја приказна кога станува збор за инсталации на подно греење. Стиропорот е со вкупна дебелина од 3,7 cm и е тврдо пресуван односно 30kg/m3. Повеќето стиропори наменети за подно греење се 20kg/m3, што е многу голема разлика. Со стиропорот на Giacomini виткањето на цревото за подно греење никогаш не било полесно. Поради испупчените делови (печурките) кои се составен дел од стиропорот, цревото многу лесно се витка околу нив, и со тоа се заштедува на материјал бидејќи додатните елементи какошто се елките за црево и пластичните шини не се потребни. Воедно бидејќи печурките се рамномерно распоредени и цревото рамномерно се распоредува кога се витка околу нив, а со тоа и топлината во собата се распоредува рамнерно и зрачи еднакво од сите делово од подот. Долку се користи стиропор кој не е наменет за подното греење ова не е возможно.
На горната страна на стиропорот има заштитна обвивка која е со дебелина од 0,4mm и е од полистирен. Еден панел стиропор е со површина 1,23 м2 а печурките се на раздалеченост од 5 cm една од друга. Висината на печурките е така направена што идеално се вклопува со дебелината на цревото за подно греење на Giacomini и доколку се направи спој од овие продукти добивате нераскинлив спој од квалитет, сигурност, елегантност и комфорт.
Leave a Reply