Хидрофор Wilo график

Кога пишувавме за хидрофорот – Wilo објавивме графикон со оспег на работните можности во завиност за кој вид на хидрофор станува збор. Токму тука се јавија некои проблеми, затоа што повеќето од нашите читатели не ја разбираат даденава табела.

Со цел да излеземе во пресрет на нашите корисници сега ќе се обидеме да ја објасниме  малку подетално.

Вертикалниот приказ на графикот ја претставува целкупната  должината на цревото од почетокот, односно од местото каде хидрофорот ја зима (вшмукува водата), до излезот односно до местото каде што ја транспортира.

Хоризонталниот приказ на графиконот го претставува протокот на водата, која што е прикажана во m3/h. За да имаме попрегледна слика 1m3/h е еден тон вода која се испорачува за период од 1 час.

Wilo хидрофор график

Во зависност од потребата и намената треба да се избираат различни видови на хидрофор. На пример доколку имаме бунар длабок 5m, од бунарот до куќата има уште 22m тоа е вкупно 27m. На оваа должина треба да се додадат уште околу 15% што се припишуваат на триењето додeка патува водата, значи целокупната должина ќе излезе околу 31m. Доколку сметате дека 1.5 m3/h би ги задоволил вашите потреби, тогаш  како што можете и да забележите на табелата, за оваа намена Wilo – Jet HWJ 203 би бил идеален.

Додека пак ако резервоарот со вода или пак реката се наоѓа на растојание од 7 метри од хидрофорот, до нивата каде што би требало да се транспортира водата има уште 15m, тоа се вкупно 22m. Доколку на целокупнава должина се додадат уште 15% излегува околу 25m. Ако ни е потребен проток околу 2m3/h во овој случај би одговарал Wilo – Jet HWJ 202 хидрофорот.

Тука можеби се јавува прашањето, од каде да знам колку проток ќе биде доволен за мојот дом?

Општо земено за една куќа со семејство состовено од 4 члена, за домашна употреба и дворно место кое се наводнува, 2m3/h ги задоволува целокупно сите потреби. Доколку се работи за поголема куќа, потребите автоматски се зголемуваат со што протокот на вода би требало да е поголем.

Овој тип на хидрофори најголема примена наоѓаат кај викендиците, затоа што со своите карактеристики ги задоволуваат целосно потребите. Но, тука неговата примена не застанува туку се користи и во домовите, за наводнување, транспорт на вода, полнење на базени со вода и.т.н.

 

Comments

  1. Sasko mnogu dobro si go napravil bravo.Mene me interesira koja e maksimalna dozvolena vsisna visina

    • Почитувани,
      Максималната висина зависи од посакуваниот проток, односно колку е поголем толку максималната висина се намалува. Тука се додаваат уште 20% кои се препишуват на триењето на водата која го има додека да стигне до посакуваната дестинација. Доколку се работи за резервоар или широк бунар би требало да се внимава длабочината од каде ќе се зема водата, да не преминува 6m. Кога ќе се запазат овие параметри саканата висина би можеле да ја определите на истиот начин како што е напишано на горенаведениот график.
      Благодарам на довербата.

  2. Zdravo, Bi ve zaprasal nesto Strucno… Imam kuka i na istata sakam da montiram Soncev Kolektor i parno Greejne. me maci Bidejki Vodata Na Nasiot Vodovod stvara Bigor, taka da segasniot 80 lit. Bojler na struja, za okolo Godina dena koristejne Sozdava po okolu 10-15 kg Bigor. Voedno imam Bunar i na 6m ima ispitana Ubava Voda… Prasajne: dali ako go postavam Sonceviot Kolektor bi imal Problem (vo ime na Bigorot Mislam)? Ili Dali e Popametno da postavam Hidrofor i ja Priklucam Celata kuka kon nego, odnosno dali Solarniot sistem Bi imal nekakov Problem so Hidroforot… MNOGU SE ZABLAGODARUVAM ODNAPRED NA VASIOT STRUCEN ODGOVOR…. Vi ja pozdravuvam dobro napravenata veb strana

    • Почитувани,
      За да ја приклучите целата куќа со хидрофорот и дали тоа би било подобро, потребна е детална анализа на водата од бунарот за да се утврди колку минерали (каменец) содржи, односно дали има помалку или повеќе, од водата која моментално ја користите. Доколку бунарската вода содржи помалку минерали (каменец), би била подобра од водата која моментално ја користите, во поглед на тоа дека ќе се создава помалку бигор во бојлерот. Инаку хидрофорот воопшто нема никакво влијание позитивно или негативно на соларниот систем.
      Воедно во бојлерите наменети за соларни системи има вградено магнезиумска анода, која служи како заштита од бигор. Но таа е потрошен материјал и за некој одреден период потребна е замена.
      Се надеваме дека помогнавме.
      Поздрав.

  3. Zdravo,

    Me interesira dokolku priklucam Wilo Hodrofor direktno na vodovodna mreza namesto vo rezervoar dali toa bi imalo nekakov problem so samiot dotok na voda do hidroforot. Namenata i pricinata e toa sto samiot pritisok na voda na vtori i treti sprat e dosta nizok. Hidroforot bi bil postaven na nivo kade sto ima postojan dotok na voda no so namalen prtisok.
    Dali ova bi bilo problem za samiot hidrofor?

    Pozrav,

    Dejan

    • Почитувани,

      Доколку се работи за хидрофор со самовсисна пумпа од типот WJ или MC, тогаш не се препорачува директно приклучување на мрежа.
      Сепак, системот ќе функционира и во пракса има многу случаи каде се користат вакви пумпи за директно приклучување на мрежа.
      Она што секако треба да го проверите е максимално дозволениот работен притисок на пумпата и максималниот притисок што може да биде на цевната мрежа. WJ пумпите се за макс. раб. притисок од 6bar. Ако од овој притисок се извади притисокот што максимално може да го направи пумпата (при Q=0), може да се добие максималниот дозволен притисок на водоводната мрежа.
      Пример: За WJ 203, испаѓа 6bar-4,2bar=1,8 bar. Значи ако во мрежата дојде поголем притисок од 1,8 bar, постои реална опасност да се оштети пумпата. За да се заштитите од ваква ситуација ќе треба да се стави регулационен вентил кој нема да дозволи поголем притисок на всис од пумпата.

      Се надеваме дека со одговорот помогнавме.

      Со Почит,
      Термо Систем

Остави коментар

*