Инвестирајте во подно греење уште при изградба на вашиот дом

Подно греењеСистемот за подно греење е еден од најискористените и најекономичните начини на загревање на вашиот дом. Подното греење спаѓа во групата на енергетски ефикасен начин на греење кој може да се постави и искористи во секаков простор.

Подното греење на база на вода и електричното подно греење користи специјализирано црево за подно греење каде топлината се трансферира низ цевките на подот и од подот низ целата соба. На тој начин целата површина на подот станува топлотно тело.

Доколку планирате да градите нов дом или пак планирате да реновирате во веќе постоечкиот дом, подното греење е навистина ефикасен начин на загревање на простории кои имаат бетонска плоча под нив. Овој начин на греење претставува популарен начин на греење и за него се повеќе се размислува кога се инсталира грејно тело во домот.

За да се инталира подно греење потребно е просторијата да биде соодветно изолирана и токму таа изолација на подот ќе помогне за полесно и поефикасно загревање на самата просторија која се грее. Изолацијата на подот е многу важна ако просторијата што сакаме да ја загрееме се наоѓа над просторија која не е загреана.

Подното греење претставува инертно греење и тоа значи дека е потребно време за да се пренесе топлината кон подот и од таму во просторот. Подните облоги претставуваат еден вид изолација на подот која е навистина потребна во секој дом.

Научно е докажано дека системот на подно греење е најблиску до кривата на идеална температура, бидејќи произведува малку поблага температура на нивото на нозете и постепено се лади како што поминува преку телото се до главата на секој од нас.

Во системот на подното греење, на загреаната површина може да се гази со боси нозе, самиот систем не зафаќа простор и се гарантира одлична дистрибуција на топлина во домот. Со елиминирање на струењата во воздухот се елиминираат и движењата на прашина во просторот, а со тоа се зголемува и квалитетот на воздухот кој го дишеме.

Подното греење на база на вода и електричното подно греење заедно со изолацијата за подно греење се навистина ефикасни, економски и еколошки во однос на другите греења.

Comments

  1. DALI PODOT SO DRVO (PARKET ILI LAMINAT ) NEMA DOVOLNO SILA DA ODAVA TOPLINA VO SPOREDBA SO PLOCKITE
    I DALI PARKETOT NEMA DA SE SOBERE OD PODNOTO GREJNE OD TOPLINATA KAKO DOSUSUVAJNE NA SAMIOT PARKET
    I DRUGO SAMO SO PODNO MOZE DA FUNKCIONIRA CELA KUJCA BEZ DOPOLNITELNO RADIJATORI ILI PAK FENKOLJERI

    • Почитувани,

      Нормално дека може да греете цела куќа само со подно греење, без притоа да имате потреба од радијатор или фенкојлер, инаку во врска со типот на подот најдобро е да поставите плочки, а додека пак доколку се одлучите за дрвена подлога постои специјален ламинат за подно греење кој е пожелно да го поставите.

      Со Почит,
      Термо Систем

Остави коментар

*