Потребата за вода е од суштинско значење за да може секој човек нормално да функционира. За таа цел човекот пронаоѓа начини и поставува најразлични типови на пумпи кои ќе овозможат достапност на водата до секој дел каде ја нема, а постои потреба од истата. Во оваа статија ќе наведеме неколку опции, со кои може да бидат заштитени поставените пумпи или пумпите кои допрва ќе треба да бидат поставени.
Првичната заштита која е потребна за секоја пумпа е избегнување од работа на суво, што е многу битно како би се избегнало прегорување на моторот. Со доволен проток на вода, пумпата ќе има непречена работа и ќе може да работи со оптимална јачина, што за корисниците би значело заштеда на електрична енергија.
Како универзални уреди кои се користат за заштита на пумпите од програмата на Wilo ги претставуваме следните уреди:
– Приклучна табла Wilo ESK 1 за автоматско управување и заштита на една пумпа со нормална струја. Нејзините основни функции се: контрола на нивото на водата, контрола на притисокот, опција за механички или автоматски режим на работа, светлосна LED сигнализација, опција за ресетирање на уредот. За да може да функционира многу поефикасно и попрецизно, на приклучната табла се поврзуваат и потопни електроди кои даваат голем дел од потребните информации според кои треба да работи пумпата.
– Електронски регулатор Wilo Fluidcontrol со заштита од работа на суво и неповратен вентил. Тој се поставува вертикално на потисната линија со приклучоци поставени во линија. Погоден е за дирекно приклучување на моторот на пумпата.
Со поставувањето на некој од наведените уреди за заштита, ќе се избегнат голем број на главоболки, како дали има доволно ниво на вода во бунарите или не, дали има доволен притисок во доводната мрежа или не, што би се случило ако надојде појак притисок од потребниот и ред други прашања кои загрижуваат. На овој начин имате многу помирна глава и поефикасна работа на поставените пумпи.
Leave a Reply