Секој објект има потреба од тоалет кој ќе ги задоволува потребите на луѓето кои редовно функционираат (живеат, работат, се движат) во тој објект. Проблем знае да настане кога овие објекти се наоѓаат на неповолна положба во однос на локацијата на главната канализациска мрежа. Во ваков случај изведбата на одводот од тоалетите е комплициран и најчесто може да се јави проблем во тие тоалети, доколку навремено не се постават соодветни пумпни уреди кои ќе ги задоволат потребните параметри. Најчести проблеми кои настануваат доколку не се постават овие уреди се: затнување, недоволен притисок, поврат на отпадната вода итн. За решавање на овој проблем од програмата на Wilo имаат произведено специјални пумпи Wilo-Drainlift XS-F и Wilo-Drainlift KH, кои многу успешно го решаваат овој проблем.
Овие две пумпи од програмата на Wilo се имаат покажано и како мошне успешни при транспортирање и испумпување на отпадната вода од пониско ниво на тоалетот кон повисоко ниво на канализационата мрежа, со што максималната висина на испумпување изнесува 5,5 метри. Ова не значи дека намената на овие пумпи е само за објекти кои имаат тоалети во подрумски или ниски спратови под нивото на земјата. Нивната употреба е широко распространета, бидејќи внатре во нивниот систем имаат вградено сецкалки кои служат за раситнување на отпадот од тоалетот и исфрлање во канализациската мрежа како не би дошло до затнување на тоалетот.
Wilo-Drainlift XS-F е мал систем за отпадна вода со фекалии со приклучок за директно поврзување на тоалет. Нејзината задача е да ја одведе отпадната вода и фекалиите од индивидуалните тоалети кои поради пониската позиција не можат директно да се приклучат на одводната канализациска мрежа. Оваа пумпа претставува комплетен и подготвен систем за приклучување на дополнителни 2 приклучоци за тоалет, мијалник, биде и туш.
Wilo-Drainlift KH претставува мал систем кој може да одведе отпадни води и фекалии од домаќинства со интегриран механизам за сецкање. За индивидуални тоалети кои поради својата положба не можат директно да бидат приклучени на канализациска мрежа со директен приклучок за тоалет и дополнителни приклучоци (туш, чешма, биде…).
Овие пумпи се изработени од високо квалитетна сјајна пластика која им дава ултра модерен дизајн и воопшто не го нагрубува просторот во тоалетите каде ќе бидат поставени. Поради нивниот егрономски дизајн и обликот кој го имаат, штедат на простор во купатилата кои и онака се со мала квадратура. Пумпата може да се регулира со пратење на притисокот што го создава нивото на течноста, има и можност за приклучување на цевка за вентилација и вграден филтер за мириси од активен јаглен.
Со поставувањето на некоја од овие пумпи како идејно решение за проблемите во вашите тоалети, дефинитивно ќе имате побезбеден и поефикасен тоалет.
Aleksandar Vishinov says
Zdravo,
Bi sakal da ve zamolam za cena na Wilo-Drainlift XS-F i Wilo-Drainlift KH.
Pozdrav,
Aleksandar Vishinov
Veles
Dario says
Почитувани,
Цените за бараните пумпи ги имаме на нашата страница во производи, но за секој случај ќе ви ги испратиме и на меил.
Со Почит,
Термо Систем