Како да одберете клима уред кој би одговарал на вашите потреби

Кога повеќе нема да можеме да спиеме во ноќта поради големата топлина, тогаш најчесто донесуваме одлука за купување на климатизер. Но тогаш се појавуваат проблемите од типот, кој климатизер да се купи, односно би одговарал за бараните потреби. Имајќи во предвид дека постојат голем број произведители на клима уреди, модели и типови, ќе пробаме да ги објасниме основните карактеристики на кои би требало да се обрне внимание, при изборот на климатизерот.

Можностите на климатизерот денеска се многубројни и се разликувааат од производител до производител, со различна цена која најчесто е поважниот фактор при изборот. Попознат производител во превод значи дека климата има  и многу повеќе можности.

Основната намена на климата е ладење, греење и филтрирање на воздухот. Според намената на клима уредот треба да се избере и филтерот за истата. Така да доколку климата се поставува во некоја оделна просторија каде што е потребно само ладење и греење без некоја специфична филтрација на воздухот, нема потреба од дополнителни филтри. Додека пак доколку климата се поставува во некоја ординација, каде секојдневно влегуваат болни луѓе, потребен е антибактериски филтер. Ако пак климатизерот се поставува во просторија каде има пушачи потребен е филтер кој ќе го прочистува воздухот од димот и.т.н.

Најчесто поставувано прашање кое пристига деновиве на нашата адреса е, која би била идеалната моќност на клима уредот за да ги задоволува потребите, односно да лади или загрева одредена квадратура.
Пред да почнеме да зборуваме за конкретни бројки, првин да објасниме малку што се влијае на тоа. Фактори кои влијаат на димензионирањето на климатизерот се: местоположба на просторијата во однос на страните на светот, бројот на стаклените површини, времето на изложеност на директно сончево зрачење, бројот на луѓето, поставеноста на просториите, бројот на елементите кои зрачат топлина и.т.н.

Доколку просторијата се наоѓа на северна страна и постојано е во сенка, сигурно дека на климатизерот ќе му биде потребна помала моќност да ја олади, за разлика од просторија која се наоѓа на јужна страна и постојано е под влијание на сончеви зраци. Бројот на прозорците исто така влијае на температурата во просторијата а доколку станува збор за стан, влијае и тоа на кој спрат се наоѓа истиот. Ако се наоѓа на најгорниот кат и не е соодветно изолиран таванот, нормално дека ќе треба клима уредот да е со поголема моќност, за разлика од оној кој е поставен во стан кој се наоѓа во приземјето.

Мислам од горенапишаново може да се заклучи што се треба да се земе во предвид, кога се одредува моќноста на клима уредот. По едно истражување кое е направено на различни видови клими во различни услови како средна вредност се земени следниве бројки.

  •  Простор од 20 – 35 квадратни метри – 2,5 KW моќност на климатизерот
  •  Простор од 35 – 55 квадратни метри – 3,5 KW моќност на климатизерот
  •  Простор од 50 – 70 квадратни метри – 5 KW моќност на климатизерот
  •  Простор од 60 – 90 квадратни метри – 6 KW моќност на климатизерот

 

Во пракса како најсигурен и најупотребуван метод за одредување на моќноста на климатизерот кој ќе одговора за одредена просторија, е следниов: дадената квадратура на просторијата, ја делиме со 10. На пример доколку имаме просторија од 35 метри квадратни, кога ќе ја поделиме со 10 добиваме 3,5. Од ова можеме да заклучиме дека клима уред со моќност од 3,5 KW би одговарал за  потребите. Тука треба да се внимава на височината на просторијата, да не е премногу висока со што пресметката не би била точна.

Доколку се уште не сме сигурни во изборот треба да побараме помош од стручни лица кои подолго време се вклучени во проблематиката со климатизација. Така да доколку имате прашања слободно пишете, ние сме отворени за соработка.

Comments

  1. Почитувани, Колку може да биде максимум долга инсталацијата помеѓу надворешната единица, а внатре да се постават две единици (за две простории), и која е максималната висинска разлика помеѓу единиците, на пример за 3.5 кв и 5.5 кв клима уред, Ве молам за одговор.

    Со почит,

    • Почитувани,

      Секој производител на клима уреди има различни технички карактеристики и тоа треба да е наведено во нивните упатства.

      Со Почит,
      Термо Систем

  2. Imame restoran od 180m2 , a uste nemame klimatizacija
    Bi sakala da me posovetuvate koj tip na klimatizacija bi bil najsoodveten i se razbira najekonomicen i dali moze da se iskoristat cevkite za podno greenje ili kanalite za ventilacija koja sto ne ja upotrebuvame posle donesuvanjeto na zakonot za pusenje . Znaci me interesira koj nacin za ladenje da go odbereme . Odnapred vi blagodaram

    • Почитувани,

      Најефтина и најекономична опција е поставување на соодветен клима уред, а многу подобра опција би било поставување на вентилација преку канали со која би имале греење и ладење. Доколку се одлучите за поствување на квалитетен клима уред, ние можеме да Ви понудиме клима уред Daikin кој е еден од најквалитетните клима уреди во светот, кој има високо квалитетна инвертер технологија. На следниов линк можете да погледнете повеќе инфомации за клима уредот http://www.termosistem.com.mk/products-page/klima-uredi/klima-ured-inverter-daikin/ . Доколку имате дополнителни информации слободно пишете.

      Со Почит,
      Термо Систем

Остави коментар

*