ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ е најчесто споменуван збор во голем број на дискусии за енергијата. Не ретко се случува во нашите планови за промени на подобро, во однос на начинот на живот, да се надоврземе на енергетската ефикаснот и да размислуваме како истата во иднина би ја зголемиле.
Енергетската ефикасност независно во кој контекст се користи, може да се дефинира како ист квалитет на услуга која се добива со помалку потрошено количество на енергија. Веројатно се прашуваме зошто некој не би сакал да постигне ваква енергетска ефикасност и зошто токму сега толку сериозно се пристапува кон оваа проблематика.За да може да се размислува за ова прашање, мора прво да се разгледаат влијателните фактори за енергетската ефикасност.
Економски причини
Ниската цена на енергијата и финансиската нестабилност на потрошувачот, влијаат на енергетската ефикасност. Цената на енергијата е мотивација за намалување на потрошувачката на енергија. Во многу земји, во согласност со мнозинството од население управувано од социјалната политика преку цените за енергија, се јавува ниско ниво на ефикасност. Исто така и нискиот животен стандард директно влијае на квалитетот на градбите, инвестирањето во добра изолација и енергетски ефикасен систем.
Ниво на експертиза
Штедењето на енергија често не е едноставен процес и бара добро познавање и разбирање на енергијата која се користи, нејзините предности и нејзината улога. Тука може да се стават и потенцијалните подобрувања, однос цена-ефективност на инвестициите. Нестручниот пристап може да влијае обесхрабрувачки, кога станува збор подобрување на енергетската ефикасност.
Технолошки развој
Технолошкиот развој е оној кој првично носи најголеми подобрувања во енергетската ефикасност и истиот треба да се следи во текот на годините. Постои постојан напредок во технолошкиот развој, трендот на зголемување на цените на енергенсите има стимулирачки ефект врз инвестициите во поефикасна технологија. Од друга страна пак, зголемениот технолошки развој и подобрените пазарни стандарди повлекуваат нови и посовремени уреди и паралено со процесот на намалување на потрошувачката на енегија се појавуваат и нови потрошувачи на енергија.
Воспитување, образование и знаење
Ова се многу важни димензии за ставовите на управување со енергијата, се однесуваат на семејствата, институциите од секаков тип и компаниите. Тука станува збор за навиките и размислувањата на секој поединец, за неговата култура и претпазливост во однос на животната средина и акциите кои ги превзема. Проблемот е вистинската цел: степенот до кој трошоците за енергија го оптоваруваат буџетот на домаќинствата или бизнис компанијата.
Сите влијателни фактори се меѓусебно поврзани и зависни, во голема мера условени еден од друг.
Во времето на воведување на институционален отворен енергетски пазар, барањето на познавање на енергијата на пазарот, управувањето со ризик и грижата за енергетска ефикасност доведува до следното:
- ефект врз намалување на трошоците за фирмите, влијание врз животната средина и поставување на долгорочна визија за развојот на компанијата,
- потреба за поголемо знаење, транспарентност, управување со трошоците и постојана комуникација со сите засегнати страни,
- овозможува развој на нови технологии, иновации и бизнис модели, користење на нови технологии и алтернативни форми на енергија,
- одржување на развој на бизнисот, создавање на дополнителна вредност со поврзување на компаниите кои се грижат за животната средина и социјалната одговорност.
Енергетската ефикасност треба да се стави во центарот на сите размислувања, да се погледнат и запомнат нејзините влијателни фактори и да се направи комплетна измена во сегментите каде навистина има потреба.
Leave a Reply