GIACOMINI, една од водечките компании во термо-санитарната област, врз основа на искуството стекнато во последните години претстави нови цевки и фитинзи од полипропилен, произведени во согласност со DIN 8077-8078 стандардите, за да ги задоволи понатаму технолошките потреби на клиентите и зголемување на обемот на пластични материјали за санитарна дистрибуција.
Со големите инвестиции преземени од страна на компанијата и овозможува воведување на пазарот на целосен асортиман со висок квалитет и сигурност, постигната со внимателен избор на добавувачи на суровина и доставување на производство на многу софистицирани контроли користејќи високо-технолошка опрема.
Дистибуција на вода со цевки од полипропилен широко се употребува кога едноставни системи ниски трошоци се потребни. Брза инсталација мала тежина на материјалот, потполно не токсични, висока акустика и топлотна изолација што ја дава полипропиленот вообичаен модерен материјал вклучен во опсег на пластиката за дистрибуција не како замена, но како додаток за специфични намени.
Карактеристики
GIACOGREEN ® цевките и фитинзите се особено погодни за спроведување на системите за дистрибуција на топла и ладна вода за хидро-санитарна примена.
Техничките карактеристики на материјалот се тие што даваат најдобро решение за извршување на инсталации за вода за пиење, дури и со висок процент на варовник, прехранбени течности, системи за наводнување за градини, дистрибутивни инсталации на компресиран воздух, аспиративни системи или вакуум. Главните предности на GIACOGREEN ® Полипропиленските системи се:
- Долгото траење. Поради неговата отпорност на агресивните елементи и неможноста од перфорација предизвикана од електрична струја, поради неговата спроводливост.
- Мали загуби на притисок. Цевките и фитинзите имаат многу мазни површини, и се произведени со особено внимание до крај.
- Не токсичност. Гарантирана преку внимателен избор на суровини и современи технолошки производствен процес.
- Без котлен камен. Феноменот на ограничување на деловите поради присуство на варовник, нечистотии и оксидација е целосно отсутен.
- Висока акустична и топлотна изолација. Карактеристиките на материјалот и дебелината го прават системот способен за апсорпција на звукот, со термоизолација се намалува загубата на топлина, и формирање на кондензација типична за инсталации каде е користена бакарна цевка.
- Фитинзите со метални влошки се со висока гаранција. Поради стекнатото искуство на GIACOMINI во областа на греењето повеќе од 50 години овозможува производство на жешко ковани вметнувања, машински обработени а потоа хромирани да им се даде висока издржливост и совршена запечатување за притисок.
- Внимателно пакувани за да се даде максимална заштита, лесно складирање и транспорт.
Технички податоци
Критериумот за квалитет на производството се врши според стандардот на статистички метод и се овозможува воведување на пазарот на високо сигурносни компоненти, во интерес на крајниот корисник.
Главните технички карактеристики на GIACOGREEN ® наведени во табелата подолу се базирани на примероци собрани од тековното производство.
Детали | Метод за тестирање | Вредност | Мерна единица | |
---|---|---|---|---|
Волумен на 23°C | ISO R1183 0 | 0.89 | g/cm3 | |
Површина на фузија | - | 140 - 150 | °C | |
Коефициент на линеарна експанзија | ASTM D696 | 0.11 | mm/m°C | |
Топлинска спроводливост на 23°C | ISO R3146 0 | 0.17 | W/mK | |
Индекс на течност | на 190°C со 5 Kg на 230°C со 2,16 Kg на 230°C со 5 Kg | ISO R1133 | 0.4 - 0.6 < 0.3 0.8 - 1.3 | g/10 min. g/10 min. g/10 min. |
Точка на омекнување VICAT со 9,8 N | ISO R306 | 135 | °C | |
Точка на дисторзија под притисок од 0.45 MPa | ISO R75 | 80 | °C | |
ROCKWELL цврстина | ISO R2039/2 | 93 | R скала | |
Специфична топлина на 23°C | Калориметричен | 1.92 | KJ/KgK | |
Модул на еластичност на 23°C | ISO R178 8 | 835 | MPa | |
Напон на 23°C | ISO R527 2 | 28 M | MPa | |
Точка на кршење под притисок на 23°C | ISO R527 | > 430 | % | |
Назабена IZOD јачина на удар | на 23°C на 0°C на -20°C | ISO R180/1A | постојано 9.1 4.9 | KJ/m2 KJ/m2 KJ/m2 |
Неназабена IZOD јачина на удар | на 23°C на 0°C | ISO R180/1A | постојано постојано | KJ/m2 KJ/m2 |
Времетраење на компонентите при нормални услови за работа со различна температура и притисок.
Времетраење на постојаните услови за работа на компонентите се утврдува врз основа на кривите на регресија, со строго поврзано времетраење во часови на притисокот и температурата на течноста.
Дебелината на цевките и фитинзите се дизајнирани во согласност со одредени безбедносни вредности, со можност да се гарантира сигурност и долг живот. Времетраењета во години наведени во листите се однесуваат на постојаните услови за работа, и последователно се доставува до варијации во зголемување или намалување во зависност од притисокот и температурата. Номинален притисок на цевката е 20 bar, а фитинзите имаат номинален притисок од 25 bar, иако тие се способни да издржат и повисок притисок (во нашата лабораторија, со вода на температура од 20 °C, големина на цевките од 20 x 3,4 се намалува кога ќе се постигне притисок околу 140 bar).
Инсталација
Инсталацијата на санитарните системи е многу лесна и брза, дури за неискусните луѓе. При инсталација на дистрибутивните линии, некои полесни препораки можат да се следат, од типот на подготовка на цевките, соединување и тестирање под притисок откако инталацијата ќе биде завршена. За долготрајни и совршени спојки, потребно е цевките да бидат прецизно исечени со соодветни секачи, да се исчистат краевите кај што ќе се спојуваат, да се отстранат сите остатоци од нечистотии или маснотии, соодветно да се обележи длабочината на дупката, да се затопли цевката (да се избегнува откриен пламен), последователно да се спојат двата краја без ротирачки движења и да се почека некое време додека не се изладат; Да се избегнуваат било какви притисоци врз спојката се додека не помине потребното време за ладење; ова е многу важо за да се избегне оштетувањето на спојките и да се конпромизира квалитетот на составувањето.
Откако ке заврши инсталацијата пред да се покрие системот со бетон приклучоците се ставаат на крајните делови и системот се тестира бидејќи истиот мора да издржи притисок 15 пати повисок од работниот притисок.
Кога инсталацијата веќе е видлива потребно е да се подржат цевките со соодветни држачи и да се овозможи експанзија и контракција на истите со цел да се достигнат вариациите на должина на цевките кои се подложни на температурни разлики.
Во случаи кога течноста може да замрзне системот мора да биде изолиран.
Треба да се внимава!
GIACOGREEN ® како кај сите полипропиленските стандардни цевки, бара некои мерки на претпазливост за да се гарантира издржливоста и работењето.
Главните правила се:
- Чувајте ја цевката во амбалажата, да се избегнува директна изложеност на сонцето.
- Чувајте ја цевката во заштитени и суви места, да избегне оштетување на пакувањето од влажност.
- Избегнувајте цевката да дојде во контакт со остри предмети, особено при транспортот и инсталацијата.
- Секогаш користете точни секачи, и сечете паралелно со оската на цевката
- Заштитете ја цевката пд замрзнување затоа што под нулата полипропиленот станува кршлив, избегнувајте исто така и цврсти површини.
- Не дозволувајте цевката да биде изложена на огин.
- Посветете посебно внимание на операцијата со загревање на елементите, која мора да се изврши според упатсвата.
- Пред да го направите зглобот осигурете се дека цевката и спојката се исчистени со шмиргла.
- Кога се поврзуваат навоите на спојките, избегнувајте прекумерна употреба на лента за запечатување со цел да се избегнат проблемите при спојувањето.
Гаранција
Пред да биде лансиран на пазарот, GIACOGREEN ® компонентите беа предмет на континуирани тестови со цел за да се гарантира висок квалитет. Во циклусот на производството се проверуваат хемиско-физичките карактеристики, димензионалните и хидрауличните контроли идентификувајќи ги сите можни дефекти, кои би можеле, со текот на времето, да создададат дефект или истекување на течност.Фабричката гаранција на GIACOGREEN ® цевките е со траење од 10 години, почнувајќи од производниот датум.
Во текот на тој период GIACOMINI ќе рефундира на максимум 1.000.000 евра, било каква штета на лице или имот произлезена од компонентите.
Гаранцијата не важи под следниве услови:
- Ако работните услови се различни од оние што се пропишани.
- Ако компонентите се употребуваат во инсталации каде што течноста не е компатибилна со материјалот.
- Ако инструкциите за инсталацијата не се строго следени.
- Ако цевката покажува дефекти кога се инсталира, поради присуство на инцидентни фактори и лесно препознатливи за време на инсталацијата или кога системот се поставува на тест за притисок
- Ако компонентите се инсталирани со други кои не се произведени од GIACOMINI, гаранцијата важи само за GIACOGREEN.
[…] GIACOGREEN цевките и фитингот се особено погодни за извршување на дистрибуција на топла и ладна вода за санитарни потреби. […]