
Климатизацијата посебно во овој период од годината, е често поставувано прашање во секое домаќинство. Климатизацијата не значи само извлекување на топлината од областа со користење на циклус за ладење. Надворешните услови претставуваат предизвик и влијаат врз температурата и нивоата на влажност низ целиот објект. Системите за ладење и греење се користат за да исполнат најразлични потреби низ целиот свет. Без разлика каде работиме: училишта, театри, болници, музеи, библиотеки, хотели, стадиони, канцеларии, ние ги земаме во предвид околината, трошоците и станарите без да се наруши нивната удобност. Од доставување на разладен или загреан добро филтриран воздух низ цел канцелариски блок или друг објект, до обезбедување на разладена вода за климатизација на голем аеродромски терминал, клима уредите одлично си ја вршат својата работа.
За да се усоврши работата на клима-уредите на ниски температури, дошло до развој на т.н. инвертер, уред кој овозможува многу подобра работа при греење во зимски услови и на надворешни температури од -15 °C. За разлика од класичните климатизери, каде воздухот во собата се „пумпа“ со полн капацитет (on/off регулација), климатизерите со инвертер технологија имаат неколку „брзини“ на кој што работат, па како што се приближува кон програмираната температура, притисокот се намалува, поточно се намалува силата на греењето. Бројот на vвртежи на компресорот и на надворешниот вентилатор електронски се регулира и на таков начин се прилагодува на бараните услови/температури. На таков начин се добива континуирано количество на воздух, помали се температурните отстапување. Добиваме и до 30% поекономично работење на уредот,особено во зимските месеци, а исто така се зголемува векот на работење на самиот климатизер.
Кога се одлучуваме кој клима уред да го набавиме, приоритетот треба да ни биде односот помеѓу потрошената снага (потрошена електрична енергија) и добиениот ефект. Колку што е овој однос поголем толку поквалитетно ќе биде греењето или пак ладењето, поточно климатизерот ќе потроши минимални количества на електрична енергија, а од друга страна максимален квалитет на греење/ ладење.
Следен чекор на кој треба исклучително многу да се внимава е локацијата на поставување на клима уредот, каде од голема важност е просторот кој треба да се лади или пак грее, дали ќе биде поставена во простор каде повеќе се седи или одмара и во кој правец истата е насочена.
Како и да се гледа, едно е јасно, цената на енергијата постојано ќе расте и мора да се најде начин како таа рационално да се користи. Преку користење на ефикасни системи за греење и ладење, менување на навиките од секојдневниот живот со кои се внимава на заштедата на енергијата, ќе се заштедат и пари а ќе се заштити и околината од понатамошни загадувања.
Leave a Reply