Кои се важните елементи на кои треба да размислувате кога изработувате цевковод

 

Domasno greenjeВо овој пост би се задржале на можностите кои ги имаме кога се изработува цевководниот систем за парно греење, како и на изборот на грејните тела.

  • Еден од можните начини за изведба на цевковод за парно греење е со помош на поцинкувани цевки за водовод. Овие цевки се премачкуваат со нивната основна боја(прајмер), а потоа се премачкуваат со бела боја. 
  • Вториот начин со кој може да се изработи цевководот е со ППР цевки , кои имаат функција да спроведуваат топла вода.
  • Третиот начин е со помош на алумпласт цевки, кои масовно се користат и имаат голема достапност со цена и квалитет.

Кога се планира системот, од голема важност е да се обрне внимание на функционалноста и избегнувањето на непотребни трошоци при изведбата. За да се почне со планирање, треба да бидете информирани за достапноста на сите потребни елементи, за нивната цена и времето за испорака. Откако ќе се здобиете со сите потребни податоци и информации, битно е да го испланирате и оџакот за да системот беспрекорно да функционира. Откако ќе се обезбедат основните предуслови како: водовод, канализација и оџак, веќе влегувате во другата фаза од овој процес. Следно е планирање на котелот, кој како избрано грејно тело , треба да ги задоволи вашите потреби и вашите очекувања. Мора да се води сметка за моќноста на котелот, за моќноста на пумпата, неговата потрошувачка согласно просторот. Котелот е една од најважните единки од целиот систем на парно греење. Од тоа каква јачина на котелот ќе се одбере, ќе зависи и произведената топлина и степенот на заштеда. Котлите кои може да ги одберете се: трајножаречки котли на цврсто гориво, котли кои можат да се користат на пелет и камините на пелети со опција на централно греење. За каков тип на котел да се решите, за да не погрешите најважно е да се погоди соодветната големина која идеално ќе го загрева саканиот простор. Загубата на топлината кај котлите првенствено е кај оние делови кои се неизолирани, како што се вратичките, приклучокот за ќунците. Затоа една од алтернативите е да го сместите котелот во подрумска просторија или на некое друго соодветно место. Откако ќе го одберете изгледот и типот на котелот кој вам ви одговара, ја проверувате моќноста која би ви била доволна. За таа цел би требало да ги знаете следниве карактеристики: за простор од 100-120м2, одговара котел со моќност од 20Кw, за простор од 140-160м2, одговара котел со моќност од 27Кw. Овие вредности кои се земени како параметри, се на некој начин нормални средни вредности и не е земена во предвид изолацијата од аспект на ѕидови, прозори, врати. Понатаму пред нас се стои и прашањето за димензионирање и избор на грејни тела кои ќе се поставуваат: алуминиумски радијатори, панелни радијатори, фенкојлери, за кои понатаму ќе зборуваме.

 

Comments

  1. Ve molam za sovet
    Kako ke bide podobro za postavuvanje na kotelot: da bide postaven blizu do kukata(nadvor no lepen so kukata), ili oddalecen od kukata na 3-5metri.
    Koi se prednostite a koi nedostatocite?
    Vi blagodaram

    • Почитувани,

      Котелот можете да го поставите било каде, меѓутоа она што треба да внимавате е просторијата во која ќе го поставите котелот да биде добро изолирана, како би се заштитил котелот од кондензација. Инаку подобро ќе биде ако котелот е поставен поблиску до куќата, затоа што на тој начин ќе имате помалку трошоци околу поврзувањето на котелот и ставање во функција на истиот.
      Доколку имате дополнителни прашања слободно пишете.

      Со Почит,
      Термо Систем

Остави коментар

*