Кој вид на дрво е најидеaлно за загревање на вашиот дом

Кога грејната сезона е веќе започната, оние што одлучиле да се греат на дрва се веќе подготвени и снабдени со огревно дрво уште пред неколку месеца. Но дали пред да ги купите дрвата сте се запрашале колкава е топлинската/калорична вредност на дрвото кое што ќе ве грее цела зима? Доста познато е дека некои видови на дрва имаат поголема калорична вредност од другите. Но битен сегмент на кој треба да се внимава е влажноста на самите дрва. Дрва кои имаат поголема влажност во себе немаат иста калорична вредност како сувите дрва, иако се од ист тип. Исто така големо влијание на топлинската вредност има и смолата која се собира на дрвото.

Како и да е дрвото кое што се користи за огрев во домовите, не треба да содржи повеќе од 25 % влага во него. Секое дрво со поголем процент на влага придонесува за пад на темпетатурата, односно му се намалува неговата топлинска моќ а воедно со тоа се предизвикува и поголема количина на чад, со што е можно и негово оштетување. Значи со користењето на влажни дрва, опаѓа топлотната моќ на дрвото, а со тоа и самото производство на топлина во просторот.

Како што кажавме, основните карактеристики на дрвото како енергент се : топлинската вредност, количество на пепел како и негова структура, влажност и тн. Во приложената табела се прикажани калоричните вредности на различни видови на дрво :

Вид на дрвоТоплотна моќ (MJ/KG)Густина (KG/m3)
ДрвоКораДрвоКора
Бука18,8218,00680580
Даб18,3619,70650425
Топола17,2618,00410412
Смрека19,6621,20430340
Елка19,4621,00410460
Бор21,2120,62580300

Топлинската моќ на различни видови на дрва се разликува. Тоа зависи и од самата структура на дрвото, поточно зависи од учеството на поедини компоненти во самото дрво. Како што можеме да забележиме четинарите имаат поголема топлинска моќ поради поголемо количество на смола во дрвото.

Кажавме дека влагата влијае многу за топлинската вредност. Свежо исечените и складирани дрва може да содржат и до 50 %  влажност, што во превод значи дека нивната топлинска моќ е многу послаба. Се пресметува дека огревното дрво е доволно суво дури по 1 до 2 години од складирањето (во зависност од тоа за кое дрво се работи).

Ова во превод би значело дека оваа година го купуваме дрвото за огрев а со него се грееме дури следната година. Препорачливо е дрвата да се сечат на помали парчиња со што доаѓа до нивно побрзо сушење.

Без разлика со кое дрво ќе се греете, вистинските енергетски ефекти се секогаш помали од енергетските потенцијали на дрвото. На ова влијаат факторите кои ги набројавме претходно во текстот но и котелот кој се користи за согорување на истите. На пример Bosch котелот на цврсто гориво е многу поефикасен од сите останати котли на пазарот, и со своите три вертикални промаи се зголемува искористеноста на дрвото за дури 30%. Ова во превод значи дека доколку една грејна сезона трошите околу 10 метри кубни дрва, со Bosch котелот вие ќе потрошите 7  и.т.н.

Comments

  1. sakam da prasam kolku e efikasno solarno greenje da se povrze na parno greenje i kako otprilika bi odela taa sema na povrzuvanje kako i so kolku paneli kolku bi zastedil vo potrosuvacka na drva. Ziveam vo Krusevo, kukata e so stiropor izolacija.

    • Почитувани,
      Соларниот систем во никој случај не може да биде примарно греење. Тоа може само до определен процент да помага при греењето. Доколку се работи за подно греење тој процент би бил поголем отколку кога би се работело за радијаторско греење. Колку панели би поставиле и колкав бојлер тоа директно зависи од грејната површина на куќата. Колку поголем бојлер поставите и колку повеќе панели, толку системот има поголем процент во греењето. Но тука се зголемува инвестицијата. Колку дрва би заштедиле не би знаел да ви кажам бидејќи на тоа влијаат многу фактори и постои голема веројатност дека би згрешил.

      Има уште еден многу битен сегмент на кој не обрнавме внимание, а тоа е каде ќе оди таа топла вода во лето. Повеќето луѓе кои што се решаваат ваков систем да поставот во својот дом, има каде да ја складираат топлата вода во лето, на пример во базен.

      Доколку се пронајдовте во горенапишаново дефинитивно соларниот систем ќе ви се исплати и тоа за многу брзо време ќе има повраток на инвестицијата.

      Со Почит,
      Термо Систем

Остави коментар

*