Секојдневно во нашиот етер се пласираат информации во стил на нова економска криза, нови поскапувања, исцрпеност на ресурсите, загадување на животната средина и многу други кои на директен или индиректен начин се поврзани со греењето. Со тоа се доаѓа до забуна кај корисниците, што ќе се случува во иднината и незнаат на што да бидат подготвени, односно кој би бил идеалниот начин на загревање на нивниот дом.
Во овој наслов ќе се обидеме да ги согледаме очекувањата за во иднина, се со цел да помогнеме за поквалитетно а воедно и поекономично да може да се помине грејната сезона.
- Се очекува зголемување на цените на огревното дрво. Масовните шумски пожари кои го зафатија светот, а не само нашата држава, нанесоа милионски штети на сите држави. Сето тоа има и реакција во бизнисот со огревното дрво, што резултира со негово поскапување. А, ако на сето тоа се додаде и масовното нелегално сечење и уништување на шумите во иднина може да очекуваме уште поголемо зголемување на цената на дрвото за огрев. Но и покрај сите зголемувања на цените, огревното дрво е, а и ќе остане во блиска иднина најекономично решение за зимските денови.
- Зголемување на цените на нафтените производи. За поскапувањето на нафтата и нафтени продукти не е потребно многу да зборуваме бидејќи секојдневно не затрупуваат со информации на таа тема. Нафтата постепено поскапува и ќе продолжи да поскапува, бидејќи станува се понедостапна и понедостапна бидејќи не е обновлив извор на енергија туку еден ден ќе ја снема.
- Уште толку ќе се загадува животната средина. Развиените земји полека почнуваат да се ориентираат кон тоа да добиваат што повеќе енергија од обновливи извори. За разлика од нив земјите во развој потешко се одлучуваат на тој чекор без разлика дали е тоа од финансиска гледна точка, теренот, условите итн. Поради тоа животната средина ќе се загадува уште повеќе, а со тоа се допринесува уште побрзо да се почувствува т.н ефект на стаклена градина што ќе се случува во светот.
- Ќе се оди на еколошки извори за енергија. Поради сите овие негативни последици без разлика на тоа што експлоатацијата на обновливите извори на енергија не дава толку големи резултати како енергијата од фосилните госилните горива, сепак ќе мора да се ориентраме кон нив. Доколку сакаме идните генерации воопшто да имаат земја каде да живеат мора нешто да се направи кон ова прашање. И науката е целосно ориентирана кон иновации токму во оваа поле и токму заради овие причини.
- Сончевата енергија најприфатливо решение. Поради својата досапност, сонцето е најприфатливо решение за создавање на електрична енергија. Извор кој може да се најде насекаде на земјината топка, кој само треба да се конвертира во електрична енергија.
- Користење на сончевата енергија и за производство на струја. Досега сончевата енергија се користеше во глобала на загревање на вода. а многу малку за друга намена. До сега колекторите чија што намена им беше да произведуваат електрична енергија не ги задоволуваа потребите бидејќи производството им беше на минимално ниво. Во иднина се очекува ова да се промени. Со најновите технологии, апсорбцијата на сончевите колектори ќе биде зголемена и ќе можат да се користат и како произведители на сончева енергија.
- Зголемување на ефикасноста на грејните тела. Најновата технологија влегува на сите врати. Кај сите електрични апарати се зголемува ефиканоста, односно за иста работата трошат помалку енергија. Тоа ги вклучува и грејните тела и пумпите кои работат на циркулација на водата во системите за греење.
- Субвенции за користење на еколошки извори на енергија. Повеќето од светските влади почнуваат многу сериозно да ја прифаќаат пробелематиката со глобалното затоплување и последиците кои се поврзани со тоа. Како одговор на тоа тие излегуваат со многу проекти поврзани со обновливите извори на електрична енергија. Еден од тие проекти кој најмногу не интересира и нас граѓаните се субвенциите околу нив. Значи доколку сакаме да вградиме соларен систем во нашиот дом, владата ќе покрие дел од трошоците. Последните неколку години оваа прашање е доста актуелно и кај нас, и се применува, што дополнително влијае на нашата одлука.
Обновливите извори на енергија во секој поглед се најпримамливи. Не ја загадуваат животната средина, безшумни се, енергијата се добива безплатно, но најголемиот проблем кај нив е тоа што не ја задоволуваат целокупната потреба на еден дом. За разлика од нив фосилните горива од година на година се се поскапи, но резултатот што го добиваме е незаменлив во споредба со обновливите. Технологијата напредува секој ден, и еден ден сигурно ќе можеме да се потпреме само на обновливите извори на енергија, но до тогаш најпаметно би било кога изворите на енергија би се надополнувале еден со друг, односно кога еден дом би користел обновливи извори на енергија, а кога нема да може да ги задоволи потребите лесно да се премине на конвенционална енергија.
Leave a Reply