Неколку корисни совети како да заштедите енергија

conservation-house-finalСекојдневните обврски кои секој од нас ги има, можеби не ни оставаат време да размислуваме колку сите активности се тесно поврзани со енергијата. Овој ресурс на секого од нас ни е потребен, потрошувачката на истиот е неизбежна, па оттука произлегува и потребата истата да се регулира.

Во продолжение ви даваме неколку совети за штедење енергија:

1. Се препорачува доколку објектот е во градба или пак може да се смени нешто во просторот, да се стави топлинска изолација на сите надворешни површини и со тоа ќе се намали потребата за ладење или греење на просторот. Топлинската изолација може да се стави и на ѕидовите кон соседните простории и истите претставуваат звучна изолација.

2. Се препорачува дневната соба и спалните соби кај станбените згради и куќи, да бидат на јужната страна, а бањата, ходниците и другите простории да бидат на северната страна.

3. Инвестицијата во прозорци и врати со голема енергетска ефикаснот влијаат на намалување на трошоците за електрична енергија.

4. Доколку се внимава и на нaдворешната околина може да се заштеди на енергија. Доколку се засадат листопадни дрвја на источната и западната страна, се спречува сончево зрачење во летните денови, a во зима истите дрвја без лисја пропуштаат сончеви зраци.

5. Доколку се направи стреа над прозорците на јужната страна и се внимава под кој агол ќе се постави, ќе помогне во заштедата на енергијата. Просторијата во лето ќе прима помалку топлина и помалку ќе работи клима уредот. Во зима аголот е помал и сончевите зраци ќе паѓаат директно на прозорецот, со што ќе се добива дополнителна топлина во просторот.

6. Знаеме дека површините со бетон и асфалт го одбиваат сончевото зрачење. Со засадување на зеленило околу зградата или куќата се подобрува микроклимата во летниот период.

7. Грејните тела кои се поставуваат во домот не треба да бидат блокирани или покриени, треба редовно да се чистат и одржуваат за да можат најефикасно да си ја вршат својата работа.

8. Термостатот не треба да биде блиску до студена површина или на провев, бидеки тогаш системот за греење ќе добива погрешни информации за вистинската тепература и ќе работи подолго или со поголем интензитет, а тепературата во просторијата ќе биде за неколку степени повисока од поставената.main_home_energy_savings

9. Доколку е многу топло во собата, не треба да се отвори прозорот туку може да се постави термостатот на пониска позиција и со самото тоа да се заштеди на енергија.

10. Ако имате сопствено централно греење може да се постави и регулатор кој се програмира на дневна/ноќна температура.

11. При купување на клима уред најдобро е да се повика стручно лице за точно да ни ги каже потребните капацитети на клима уредот. Големината на клима уредот зависи од: големината и квалитетот на стаклените површини, структура на надворешните ѕидови, изложеностa на сонце, внатрешни топлински извори и други. Избор на клима уред доколку се прави единствено според квадратурата на просторот е делумно погрешен.

12. Филтерот на внатрешната единица треба најмалку еднаш да се чисти во текот на годината, бидеќи нечистиот филтер е најчеста причина да се повикаат сервисер.

Се надеваме дека советите како да заштедите енергија ќе може да ги примените и да ги постигнете вашите сакани резултати.

Искажи се доколку имаш нешто

*