PE-X цевките или полиетиленски цевки со анти-оксигенска (А/О) бариера овозможуваат дистрибуција на топла и ладна вода во системите за греење и ладење. Но, и овозможуваат многу предности во споредба со традиционалните бакарни или железните цевки за дистрибуција. Благодарение на долгиот век на траењето на цевките како и лесниот начин на нивно инсталирање, ги прави едноставни за користење.
Заштита на цевката со антиоксигенската бариера А/О го спречува навлегување на воздухот во неа и го спречува процесот (вода – воздух) на формирање на алги кои би ти го намалиле потребниот проток во цевката. Помалиот проток на цевката доведува до помала циркулација на водата во системот односно до послабо греење на истиот.
PE-X цевките се карактеризираат и со добар коефициент на пренос на топлината [К] во однос на останатите цевки меѓу кои се наоѓаат и повеќеслојните цевки односно алумпластот.
Густина | 0,939 g/cm³ |
Степен на мрежовидна фигура | > 70% |
Оптеретување на кршење | 31 MPa |
Извлекување на 23°C кршење | 520% |
Модул на еластичност на 23°C | 540 MPa |
Коефициент на линеарна експанзија | 1,9·10^-4 1/К |
Топлинска спроводливост на цевката | λ = 0,38 W/mK |

Инсталација на PE-X цевки
При инсталација на PE-X цевките треба да се внимава на некои правила, да се врши соодветен избор на фитингот, почитување на минималните криви на радиусите, да се внимава на заштита од сончевите зраци и можно оштетување на цревото. Во врска со дистрибутивниот колектор поврзуваењто треба да се направи преку адаптери за PE-X цевки. За да се направи соодветна конекција од суштинско значење е правилно сечење на цевката со алатки кои можат добро да сечат, без остатоци на неа. Сечењето на цревото треба да биде нормално на неговата оска. При монтирањето на инсталацијата, цевките може да направат кривини со минимален радиус кој е еднаков на 5 пати од надворешниот дијаметар на цевката. По инсталација на цевките, системот се става на тест под притисок на вода, за да се провери дали има некакво истекување на течноста.
Треба да се внимава на цревата при останатите градежни работи, при ставањето на кошулицата, да не се поминува со колички врз нив. Да се избегнува цевката да бидат изложени долги периоди на сончевите зраци или флуроцентни светилки.
Претпазливост
Употребата на PE-X цевката, бара одредени неопходните мерки на претпазливост за да се гарантира времетраењето и функционалност. Главните мерки на претпазливост се:
- Цевките да се чуваат во специјално пакување, за да се избегне нивната директна изложеност на сончевите зраци, на суво и за да се избегне оштетување од влажност.
- Да се избегнува цевките да доаѓаат во контакт со остри предмети што може да предизвика гребнатини и сечење, да се внимава многу во фазите на инсталацијата и транспортот.
- Да се избегне замрзнување, бидејќи од промена на статусот во составот на цевката може да се оштети и да предизвика кршење.
- Чувајте ја цевката подалеку од огин, може да предизвика топење дури и делумно.
- Во текот на прицврстувањето при монтажата, да се користат пластични материјали, наместо метални, за да се избегне оштетување на цевките.
- Избегнувајте контакт со хемиски растворувачи или со боја која може да ја оштетат цевката.
Поврзување на цевките
Поврзувањето со дистрибутивниот колектор се врши со помош на соодветни адаптери, кои ги има во различни големини во зависност од големината на цевката која се користи.
Термичка експанзија
При проектирање или при инсталација со полиетиленските цевки PE-X треба да се внимава и на термичката експанзија.
Термичка експанзија се пресметува како:
Δl = α · L · ΔT
каде што:
- Δl = проширување [mm]
- α = коефициент на линеарна термичка експанзија (0,14 [mm / MK])
- L = должина на цевка [m]
- ΔT = температура варијација [K] o [° C]
Zdravo ili
Spored koi kriteriumi se izbira dali cevkata ke bide so precnik od 16, 18 ili 20mm.
Uste edno prasanje, dokolku podnoto greenje se koristi so toplinska pumpa, dali moze da se koristi vo leto za ladenje. Dali takvoto ladenje bi bilo efikasno ili sepak e podobro so fenkojler?
Почитувани,
Критериумите по кои се избира големината на цевката е протокот кој ќе биде потребен за нормално функционирање на системот. Во врска со второто прашање наш предлог е да си направите машински проект по кој ќе видите како е поисплатливо, бидејќи ние работиме исклучиво продажба на елементи за греење и ладење.
Доколку имате дополнителни прашања слободно пишете.
Со Почит,
Термо Систем