Досега многу пишувавме за основите на подното греење, за неговите карактеристики и неговата примена. Во овој пост ќе зборуваме за подното греење паралелно со неговатa најголема конкуренција – радијаторите. Со години во Велика Британија се користат радијатори монтирани на ѕид за да се затоплат домовите и истите се традиционално поврзани со котли на дрва, нафта, гас и на соларни единици. Веќе со години се гледаат придобивките на подното греење, без разлика дали работи на електрична енергија или на воден систем. Радијаторите се всушност многу ефикасни во тоа што го прават, но како и секој избор на грејно тело, си имаат свои добри и лоши страни. Во продолжение ќе се задржиме на нивните придобивки и недостатоци.
1. Предности на радијаторите
* Брзо загреваат
* Може да се заменат, за да се зголеми или намали излезната топлина, или ако дојде до дефект
* Поефтини се за монтирање
2. Недостатоци на радијаторите
* Собираат прашина
* Можат да бидат во гломазна големина и да завземаат голем простор од просторијата
* Може да кородираат
* Топлината може да биде на врвот од просторијата наместо блиску до нашите стапала
* Радијаторот и цевководот можат да се оштетат
3. Предности на подното греење
* Големата површина дава повеќе опции за влез излез
* Нема струење на топлината и одтаму нема ладни места во собата
* Во просторијата се чувствуваме потопло и со самото тоа собната тепература може да се намали за еден до два степена
* Таа може да работи на различни подни конструкции и прекривки
* Нема цевки и радијатори за да се собира прашина
* Поставувањето на мебел има мал ефект врз ефикасноста на греењето
* Пониски теператури во системот и со самото тоа помали трошоци
4. Недостатоци на подното греење
* Големи трошоци за да се постави во постоечки локации
* Трошоци за инсталација во нови простории е малку поголем во однос на радијаторите но ивестицијата брзо ќе ни се врати
* Побавно реагира на загревање и ладење
* Треба да се најде простор за колектор кој мора да биде достапен за одржување
5. Клучни елементи при дизајнирање на подно греење
* Загуба на топлина во просторијата
* Извор на топлина (котел на дрва,нафта солар итн)
* Завршна подна површина
Сите овие елементи помагаат да се одлучи за растојанието на цевките, ја детерминира излезната топлина, поставеноста и протокот на температура. Доколку во просторот има под со плочки, камен под, ќе даде максимален излез и ќе се чувствува удобност кога ќе се чекори по него. Кога станува збор за мал простор, можеби е подобро да се инсталира електричен систем на подно греење, на пример за мала бања.
Дополнителни корисни информации
Типот на вентилите кои би се користеле при инсталацијата на греењето се многу важни за излезната топлина, ако на пример потребниот мешачки вентил за високата излезна температура од котелот или пак вентил за ниско-температурните топлински пумпи. Дополнително може да се постави термостатски вентил кој автоматски би ја регулирал саканата температура, да се зголеми во просториите каде се престојува, да се намали во собите кои помалку се користат. Доколку при инсталација на систем на греење, се внимава на сите дополнителни предуслови да системот беспрекорно функционира, добивате ефикасен систем за греење
Leave a Reply