Дистрибуција на вода со цевки од полипропилен широко се употребува кога се потребни едноставни системи со ниски трошоци. Брзата инсталација, малата тежина на материјалот, потполно нетоксични (во составот немаат никакви отровни материи), висока акустичност и топлотната изолација што ја дава полипропиленот, води кон тоа неговата употреба масовно да се зголемува.
За да заштедиме на време на нашите читатели и корисници, се одлучивме да направиме едно истражување колку цевки и фитинг, односно колку материјал ќе биде потребен за да ги поврзете елементите во вашата бања со ППР.
Спецификацијата ја направивме за потребни ППР цевки и фитинг, за бања составена од основните елементи како што се: када или туш кабина, лавабо, WC школка, машина за перење алишта и бојлер.
За купатило со димензии како на сликата (не поголема од 5 м2) , “најчесто” се потребни следниве девет производи со следниве количини.
- Колено 900 (степени) Ø20, ќе бидат потребни вкупно 14 парчиња.
- Тештик Ø20, ќе бидат потребни 5 парчиња.
- Цевка Ø20 x 12 m, должината на цевката во зависнот од големината на купатилото, може и да се намали.
- Завршно колено женско Ø20 x 1/2, x 8 парчиња.
- Вентил 1/2 x 1 парче се поставува кај туш батеријата.
- Адаптер женски прав Ø20 x 1/2 , x 1 се поставува кај водомерот.
- Кривинa Ø20 x 1 парче која се користи за премин на една цевка преку друга цевка.
- Муф Ø20 x 4 парчиња.
- Топчест вентил 1/2 женско машки x 1 парче кој се поставува кај водомерот.
Доколку се одлучите во вашиот дом да инсталирате полипропилен(ППР) од програмата на Giacogreen и со него да ги поврзете елементите во бањата, повелете на нашата веб страна за да се запознаете со цените. За сите останати прашања ви стоиме на располагање.
Leave a Reply