И самите сме сведоци на тоа дека температурите секојдневно се во постојан раст. Гоелм дел од нас веќе одамна го ставиле во употреба клима уредот за ладење на просториите во кои престојуваат. Во продолжение ќе објасниме дел од поважните работи на кои не треба да забораваме кога ја започнуваме летната сезона и користење на било какви уреди за разладување .
За да не дојде до расипување на клима уредот, потребно е тој да се подготви за летната сезона и да се обезбеди беспрекорна работа на климатизерот во летната сезона.
Редовниот сервис е многу битен за правилна работа на клима уредот. Под редовен сервис се подразбира проверка на фреонот, дали е правилно вакумиран и чистење на филтрите.
Фреонот е гас кој најчесто се користи за ладење во климатизацијата. Постојат повеќе видови на фреон но денеска најкористен е фреонот R-410 кој е нерстворлив во вода има поголем капацитет на ладење и со самото тоа имаме побрзо разладување на просторот и помала потрошувачка на електрична енергија.
Постојат различни видови на филтри, во зависност од тоа кој е производител и за кои потреби е климата. Колку повеќе се задржуваат бактериите на филтерот толку е поквалитетен. Основни виови на филтри се:
* Филтер за прашина – тој ја задржува прашината на него и ни овозможува постојан довод на чист и свеж воздух. За одржување на овој филтер потребно е на секој две недели да се мие по млаз на чиста млака вода.
* Филтер за прочистување на воздух – овој филтер ги собира сите бактерии и вируси од просториите и со тоа го спречува нивното ширење.
* Фотокаталитчки филтер – овој филтер е антибактериски и го собира димот од цигарите, тој исто така го спречува размножувањето на бактериите и секогаш доаѓа во комбинација со филтерот за прочистување.
Со редовен сервис се продолжува работниот век на климата и затоа неретко производителите го врзуваат сервисот со гарацијата, што значи ако еднаш во годината уредот не биде проверен од стручно лице гаранцијата не е валидна.
Leave a Reply