Во текот на летниот период не ретко се случува притисокот на водата во нашиот дом да е премногу слаб. Овој проблем може да се јави доколку живеете на еден од погорните катови во зградата, или пак вашиот дом се наоѓа на поголема надморска височина. Но како и да е ние денеска сакаме да го презентираме решението на вашиот проблем, односно ви претсатавуваме пумпа за зголемување на притисок – Wilo PB.
Не ретко и на мене лично ми се има случено во летниот период во мојот дом да недостасува притисок на водата. По напорниот ден во попладневните часови повеќето од нас сакаа да се освежат со еден туш, и кога тоа задоволство ќе ми се ускрати кај мене почнува да преобвладува бес. Да сум знаел дека решението на тој проблем е толку многу едноставно, пред многу време маките ќе ми беа решени.
Wilo PB пумпите се наменети за зголемување на притисокот директно на водоводната мрежа, односно се монтираат после водомерот. Во зависност од нашите потреби има различни модели на пумпи коишто имаат различен опсег на работа.
Доколку ни e потребен проток на 1 метар кубен на час, а водата ни е потребна на 6 метри висина, како што можеме да видиме на графикот ни одговара PB – 088 EA. Доколку ни е потребен поголем притисок на водата на поголема висина, на пример 15 метри со поголем проток односно 2 метри кубни на час, тогаш ќе ни биде потребна помоќна пумпа односно PB – 400 EA.
Инаку PB пренесуваат само чиста вода без честички. Доколку се постават на инсталација каде што поминува вода која со себе носи најразлични честички, мали каменчиња или слично, пумпата нема да го даде својот максимун и можно е да дојде до оштетување на самата пумпа.
Пумпата по наша желба може да се управува рачно или автоматски, а моторот во внатрешноста на пумпата е со термочна заштита. Инаку тие при својата работа се безшумни или во зависност од моделлот работат со работат со мало ниво на бучавост од 39-41 dB.
Максималната температура на водата која ќе ја пренесува пумпата е околу 90 степени а максималниот работен притисок се разликува од самиот тип на пумпата односно изнесува 3bar, 4bar и 6bar.
Овие пумпи се наједностовно и најефтино решение за проблемите со притисокот на водата. Не е потребен експерт за да се ракува со нив туку само вклучувате и исклучувате а и монтажата е мноу едноставна. Доколку имате проблеми со притосокот на водата не го чекајте летниот период за да започнат нервозите па тогаш да го решавате проблемот, туку не дозволувајте проблемот да се појави воопшто.
Доколку постојат прашања поврзани со темава отворени сме за соработка.
Leave a Reply