Пумпи за зголемување на притисок

Во текот на летниот период не ретко се случува притисокот на водата во нашиот дом да е премногу слаб. Овој проблем може да се јави доколку живеете на еден од погорните катови во зградата, или пак вашиот дом се наоѓа на поголема надморска височина. Но како и да е ние денеска сакаме да го презентираме решението на вашиот проблем, односно ви претсатавуваме пумпа за зголемување на притисок – Wilo PB.

Пумпа за зголемување на притисок

Не ретко и на мене лично ми се има случено во летниот период во мојот дом да недостасува притисок на водата. По напорниот ден во попладневните часови повеќето од нас сакаа да се освежат со еден туш, и кога тоа задоволство ќе ми се ускрати кај мене почнува да преобвладува бес. Да сум знаел дека решението на тој проблем е толку многу едноставно, пред многу време маките ќе ми беа решени.

Wilo PB пумпите се наменети за зголемување на притисокот директно на водоводната мрежа, односно се монтираат после водомерот. Во зависност од нашите потреби има различни модели на пумпи коишто имаат различен опсег на работа.

Доколку ни e потребен проток на 1 метар кубен на час, а водата ни е потребна на 6 метри висина, како што можеме да видиме на графикот ни одговара PB – 088 EA. Доколку ни е потребен поголем притисок на водата на поголема висина, на пример 15 метри со поголем проток односно 2 метри кубни на час, тогаш ќе ни биде потребна помоќна пумпа односно PB – 400 EA.

Пумпа за зголемување на притисок

Инаку PB пренесуваат само чиста вода без честички. Доколку се постават на инсталација каде што поминува вода која со себе носи најразлични честички, мали каменчиња или слично, пумпата нема да го даде својот максимун и можно е да дојде до оштетување на самата пумпа.

Пумпата по наша желба може да се управува рачно или автоматски, а моторот во внатрешноста на пумпата е со термочна заштита. Инаку тие при својата работа се безшумни или во зависност од моделлот работат со работат со мало ниво на бучавост од 39-41 dB.

Максималната температура на водата која ќе ја пренесува пумпата е околу 90 степени а максималниот работен притисок се разликува од самиот тип на пумпата односно изнесува 3bar, 4bar и 6bar.

Овие пумпи се наједностовно и најефтино решение за проблемите со притисокот на водата. Не е потребен експерт за да се ракува со нив туку само вклучувате и исклучувате а и монтажата е мноу едноставна. Доколку имате проблеми со притосокот на водата не го чекајте летниот период за да започнат нервозите па тогаш да го решавате проблемот, туку  не дозволувајте проблемот да се појави воопшто.

Доколку постојат прашања поврзани со темава отворени сме за соработка.

Comments

  1. Ima li moznost pumpata da raboti avtomatski i kako, odnosno koga ke se pusti nekoj potrosuvac (koga ke se javi protok) pumpata sama da se vkluci, a po prekinot na rabotata na potrosuvacot pumpata da se iskluci.

    Pozdrav,

    • Почитувани,
      Кога пумпата е во автоматски режим работи баш така. Со пуштање на чешмата пумпата почнува со работа и го зголемува притисокот, кога ќе ја затвориме чешмата пумпата се исклучува. За да започне пумпата со работа потребе е проток од мин. 0.1 m3/h.
      Поздрав.

  2. sakam da koristam solaren sistem otvoren tip nemam dovolno pritisok na tus kabinata ili mozebi ima drug tip na pumpa sto moze da se koristi

  3. pozdrav,kaj mene doma vo letnite periodi pritisokot na voda dosta se namaluva.prasanje mi je dali da zemam ovaa pumpa za zgolemuvnje na pritisok ili hidrofor, vtoro prasanje e sto koga ke snema voda dali ima rizik za pumpata za pritisok da izgori.

    • Почитувани,

      Во зависност од тоа колку притисок ви е потребно да задоволи пумпата треба да се направи избор, кај хидрофорните пумпи предноста е тоа што постои можност да постави резервоар за вода од каде ќе може пумпата да црпи вода во периоди кога ќе нема вода во системот. Инаку пумпата никако не смее да остане без вода односно не смее да работи на суво, бидејќи во спротивно ќе прегори моторот.

      Со Почит,
      Термо Систем

Остави коментар

*