
Кога се зборува за подно греење, најчесто прво се споменува инертноста на тој систем на греење. Некои зборуваат дека нивните нозе од подното греење им се тешки и дека со самото движење се создава прашина која се крева во воздухот. Се зборува и дека врз подното греење не треба да се става мебел, бидејќи така доаѓа до застој на топлината. Под местата каде се поставени тушот и кадата, исто така не треба да има цевки за греење, бидејќи доаѓало до сушење на сифонот.
Дали подно греење мора да се постави само под паркет или теписон?
Кои од овие тврдења се точни и што е тоа што треба да се направи за подното греење да функцинира одлично?
Тврдењето дека со подното греење се крева прашина во воздухот, не е точно заради тоа што топлината е таа која што рамномерно се пренесува од подот, па нагоре во просторијата. Со поставување на подното греење се намалува предизвикувањето на алергии од куќната прашина која е составен елемент во секој дом. Подното греење дозволува идеална поделба на температурата во просторијата и сите истражувања покажуваат дека подното греење е најздраво греење. Луѓето кои користат подно греење се поштедени од сувиот воздух кој може да го направат радијаторите, како и вдишување на онаа наталожена прашина на нив.
Топлиот под не е здрав?
Во една студија на Европското здружение за проучување на вените и венските заболувања, се разгледува и она тврдење за “тешки нозе” и проблемите со вените кај оние кои времето го поминуваат на топлиот под. Епилогот на истражувањето е тоа дека станува збор за предрасуди за ефикасноста на подното греење, а на самото тоа укажува и фактот дека пациентите не се жалат на тоа дека чувствуваат премногу топлина и студ на нозете. Сите тие зборуваат за удобност и комфор на подното греење. Тука се надоврзува и она тврдење дека како подно греење може да се стават само одредени површини, а всушност ефикасноста е иста со поставување на плочки, теписони, ламинати, паркет, природен камен, бетон……со дозволена топлинска отпорност.
Голема моќност има подното греење под мебелот. Мебелот е мобилен и може да се разместува во домот, со самото тоа да се појават ладни површини во пределите каде нема греач. Знаеме дека топлината патува забавено кон постудените делови и може да се случи во просторијата да недостига топлина, за да се постигне саканата температура. Со оглед на тоа дека подното греење е со само 2-4°C повисока температура од собната температура, нема простор да се дискутира за тоа дека станува збор за многу жежок под. Тука ќе го споменеме и поставувањето на цевки за греење, каде за да се спречи сушење на сифонот едноставно треба од време на време да се мие или тушира тој простор.
Во следниот пост може да очекувате разрешување на уште некои тврдења и прашања поврзани со подното греење.
Leave a Reply