Од денесе целосно и психички и физички целиот тим на Термо Систем е насочен на презентацијата на Теџнома 2011 во Скопје. А и цела ова недела блогот ќе биде со информации за саемските случувања. Па така денес како прв ден од Технома 2011 ќе зборуваме малку за саемските попусти и промоции што ќе ги има на штандот на Термо Систем, односно Giacomini.
За сите програми со кои работи Термо Систем ќе има специјални самески цени, односно попусти, тие ќе бидат изненадување на самиот штанд.
Но, во овој пост ќе откриеме за едно нешто, а тоа е за котлите на BOSCH. Деталите за котелот можете да ги видите на Котел на цврсто гориво Bosch трајножаречки каде што можете да ги видите основните карактеристики и редовните цени (не саемските) на истите. Но, доколку сакате повеќе детали за овој котел можете да го симнете техничкиот каталог за Bosch котел на цврсти горива.
На саемот ќе важат цените за BOSCH котлите од промоцијата во септември. Можност за сите оние кои не ја искористија промоцијата во септември, сега да го добијат котелот со специјална саемск цена и со целата гратис опрема.
За останатите попусти можете да добиете информации на штанд.
Но, она што ќе биде интересно е што ќе имате можност за практична проба, со професионален алат на самиот штанд:
- спојување на ППР цевки и ППР фитинг од програмата на Giacomini
- спојување на прес фитинг од програмата на Giacomini
Мора да го најавиме и присуство на штандот на менаџерите од Giacomini, Bosch, Wilo…
И секако таму ќе биде целиот тим за да одговори на вашите директни прашања во однос на било што поврзано со програмата или решавање на некој проблем за тековната грејна сезона.
Повелете, ве очекуваме.
Leave a Reply