Што научивме од досегашното искуство за котлите на цврсто гориво?

Од нашето досегашно искуство со реномираните котли на цврство гориво BOSCH, дојдовме до заклучок дека  повеќето од нашите клиенти се среќават со проблеми при поставувањето и при палењето на котелот. Тоа не е по нивна вина бидејќи на нашиот пазар за прв пат се појавува еден реномиран котел на цврсто гориво кој се придржува до посебни принципи кои се потребни за да работи беспрекорно.

Трајножаречки котел BoschБидејќи е изолиран помеѓу надворешниот и внатрешниот специјално валан лим кој не пропушта топлина, автоматски тој е и помоќен и му е потребна висина на оџакот за да може да повлече при првото палење на огин. Висината на оџакот е една од главните предуслови за работата на котелот, но не е само таа, туку има и други компоненти кои сега ќе ги опишеме подетално за да понатаму не ви се јавуваат проблеми.

  1. Монтажата треба да се изведе како што е наведено во упатството односно да се направи хидраулично балансирање и да се монтира четворокрак вентил кој помага при отстранување на причините за појавување на кондензација. Во повеќето случаи кога ќе се појави кондензација се јавува и истекување од котлите и мајсторите на тоа ќе ви кажат дека тоа е нормална работа. Но, тоа е голема грешка бидејќи  заедно со водада истекува и фосфорна киселина и го нагризува котелот, а со тоа му се скратува животниот век на истиот.
  2. Редовно одржување (чистење) е многу важно, бидејќи при согорувањето на цврстото гориво (јаглен, дрво) се наталожува пепел на внатрешните ѕидови, а поради неговите карактеритики тој е добар изолатор и поради тоа, не дозволува водата што циркулира низ котелот доволно да се загрева со што се намалува ефикасноста на работењето на котелот.
  3. Правилно поставување на регулаторот за промаја, при првото палење  да се намеси на 60оC односно вратата да биде одделена 2 cm од котелот, за да има доволна циркулација на воздух.
  4. Првото ложење на котелот е многу важно додека да повлече и да се разгори огинот, за да се случи тоа, треба од три промаен котел да се претвори во едно промаен со специјално вградена рачка, односно се затвараат двете промаи и котелот работи како обичен шпорет на дрва,
  5. За беспрекорна работа на котелот е најважен оџакот, колку е помоќен котелот толку треба оџакот да биде поголем. Ова најчесто е главен проблем кај корисниците бидејќи не ги следат пропишаните параметри за висината на оџакот (колку повисок оџак, толку подобро).

Доколку не се следат правилно следниве параметри котелот може и да не работи, односно само да ги јагленисува дрвата а да не горат. Тоа не е функционално и само се троши огревниот материјал без никаква придобивка. Но доколку го поставите правилно, резултатите ќе ве изненадат. До 30% поголема искориристеност на огревниот материјал односно, заштедувате на годишно ниво за една третина само на греењето, што значи дека ако инвестирате во нов котел на цврсто гориво, во следниве неколку години инвестицијата ќе ја повратите. А зимите кога во домашни услуви сте седеле со по две блузи, јакни, по два пара чорапи и слично, се ваше лошо минато.

Остави коментар

*