Поставувањето на подно греење претставува одличен избор за загревање на просториите и постигнување на саканата температура, при што ќе се чуствувате удобно во истите тие простории. Регулацијата на подното греење може да се постави на многу различни начини, а во овој пост ќе зборуваме за придобивките од поставување на регулација со сигурносен термостат за подно со сензор.
Од широката палета на производи на “Giacomini” го претставуаме термостатот K373. Овој сигурносен термостат се користи при поставување на подно греење за кое сакате да извршите контрола на температурата од 40 – 80°C, со помош на регулаторот од типот уклучи/исклучи. Сигурносниот термостат може да се користи како термостат со автоматско враќање, како регулатор за акумулација на топла вода или за контрола на температурата на секундарните кругови преку вметнување на вентили со опции за пренасочување. Оптималната работна температура би била со поставување на термостатот на 50°C.
Сигурносниот термостат има излез од затворено реле со нормална работа. Во случај на зголемување на температурата на ниво поголемо од саканото, термостатот автоматски се исклучува и релето останува без струја. На отворот од лимената кутија има поставено LED сијалички, кои се лесно видливи и од кои можеме да го видиме статусот на работа на термостатот. Сондата на термостатот му дава информации за температурата на водата во системот и кога таа е пониска од посакуваното, релето светнува зелено и добива напон за да ја постигне потребната температура, а кога ќе ја надмине посакуваната температура сондата испраќа информации до релето да исклучи и се појавува портокалова боја, што значи дека термостатот е искучен.
Предноста на овој сигурносен термостат со сонда е што може автоматски да исклучува и уклучува, а со самото тоа да ја штеди акумулираната топла вода. На ваков начин успеваме да заштедиме енергија, без при тоа да осетиме разлика во посакуваната температура во просториите.
Leave a Reply