Со соларен систем на греење до намалување на нашите сметки

Еко куќаМакедонија е земја која во текот на годината располага со голем број на сончеви денови. Сонцето и неговите сончеви зраци се подарок од природата кој постојано може да се користи, подарок за кој природата не бара ништо за возврат. Нашата задача во сиот тој природен процес е да се потрудиме колку што можеме посовесно да ја користиме сончевата енергија за да си го олесниме нашиот живот.

Колку системите на соларна енергија во минатото биле прифатливи?

Во изминатиот период со тогашната технологијта и степенот на напредок, соларните системи биле навистина скапи и ретко кој можел да ги одбере како систем на загревање во својот дом. Со текот на времето и со се понапредната технологија, соларните системи се усовршуваат и се прават поедноставни за употреба. Тргнувајќи од самиот факт дека соларните панели стануваат се поактуелни и се повеќе се прифаќа нивната потреба во секојдневниот живот истите стануваат се подостапни за сите нас.

Зошто соларните системи се светски тренд?

Соларните системи поради можноста за производство на санитарна топла вода и големиот степен на енергетска ефикасност стануваат примамливи за секој од нас. Самиот факт што соларните системи го користат сонцето како обновлив извор на енергија не ослободува од задачата да размислуваме за голем број прашања и проблеми поврзани со системот на греење, меѓу кои:

Заштеда со соларни системи* Како да го одберам најисплатливиот начин на греење?
* Кое гориво е најдобро да го користам?
* Што ако тоа носи високи последици на средината која ме опкружува, како да знам колку штета ќе направам?
* Кога е најдобро да го обезбедам материјалот за грејната сезона…..?

Овие се само дел од прашањата со кои многу луѓе се соочуваат во грејната сезона. Со изборот на соларните панели, се постигнува квалитетно и сигурно искористување на еден од најголемите бесплатни извори на енергија, се апсорбираат сончевите зраци и се загрева водата која може да се користи како санитарна топла вода или во енергија за греење во домот. Овој систем овозможува загревање на 80% од водата која е потребна за едно домаќинство.

Во текот на летните и пролетните денови, каде соларните панели ги апсорбираат сончевите зраци, водата која ја загреваат е доволна за вршење на секојдневните обврски и задачи. Тоа значи дека во поголем број на месеци во годината, во домовите каде се користат соларните панели, нема потреба од користење на електрична енергија која дополнително би ја загревала водата. Со самото тоа, се намалуваат сметките за електрична енергија, а се располага со топла вода во текот на целиот ден.

Сигурно се запрашувате што се случува во деновите кои се студени и без сончеви зраци, како тоа влијае на нашите сметки за електрична енергија?

Често се случува луѓето да мислат дека во студените и облачни денови, соларните панели не работат, дека во тој период од годината немаат никаква функционалност. Тоа секако не е точно, бидејќи УВ светлината е таа која е важна за соларните панели да работат, а таа ја има и во оние студени и мрачни денови (секако во помала вредност). Кога соларните панели се студени, тие подобро ја спроведуваат електричната енергија. Германија која е на листата на земји со малку сончеви денови, претставува една од водечките земји за сончева енергија во светот.

Постои и уште една работа која не смееме да ја заборавиме, а тоа е начинот на одржување на соларните панели. За разлика од останатите системи за греење каде има потреба од чистење, сервисирање, обновување, соларните панели ретко бараат одржување и истите имаат долг животен век и гаранција.

Како заклучок на се што досега го споменавме, можеме да кажеме дека соларниот систем на греење само продолжува да го зголемува трендот на пораст, со неговите карактеристики на ефикасност, сигурност и употреба во светски рамки го трасира својот успешен пат.

Остави коментар

*